Матеус: Леверкузен ќе ја освои титулата во Бундеслигата

Макфакс/Кајгана
/ 13.02.2024 / 16:18

Легендарниот германски фудбалер, Лотар Матеус, е убеден дека титулата во Бундеслигата оваа сезона ќе ја освои Баер Леверкузен. „Фармацевтите“ во саботата убедливо го победија Баерн со 3:0. На табелата Баер има пет бода повеќе од клубот од Минхен.

„Леверкузен заслужено победи, Баерн немаше шанси. Тешко ми е да кажам, но Баерн нема шанси да ја освои титулата во Бундеслигата. Тоа одамна не се случило. Бев многу изненаден што Баерн не користеше ѕвезди кои го имаат ДНК на Баерн. Да сум на местото на Томас Тухел би се потпирал на Матајс де Лихт, Јосуа Кимих и Томас Милер, особено за мечот во Леверкузен“, напиша Матеус во колумна за германскиот Sky Sport.

Милер и Кимих мечот со Леверкузен го почнаа на клупата, а во игра влегоа во 60-тата минута. Де Лихт не играше против Баерн. Матеус (62) играше за Баерн од 1984 до 1988 година и од 1992 до 2000 година.

„Сигурен сум дека Леверкузен ќе биде шампион на Германија и ако продолжи да игра вака, тоа ќе биде повеќе од заслужено. Тухел? Сигурно е дека по овој пораз ќе има некои внатрешни дискусии во Баерн“, изјави поранешниот играч на Баерн.

Матеус истакна дека Тухел направил многу грешки на натпреварот против Леверкузен.

„Познато е дека во соблекувалната на Баерн има незадоволни играчи. Лоша атмосфера создаваат експерименти, па така играч од 70 милиони евра да остане на клупата, иако е во врвна форма, бидејќи приоритет има нов играч кој треба да биде засилување. Тренерот може да ја иритира, игнорира или занемари соблекувалната, но потоа мора убедливо да победи. Тухел не успеа во тоа. Ситуацијата во Баерн не е добра, а резултатот од тоа се гледа на теренот“, заклучи Матеус.

реклама

Фудбал

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Read more

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Read more

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Read more

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ го треснал мобилниот од ѕид кога дознал за размената во Лејкерс

Читај повеќе

Ливерпул го продаде најскапиот играч во историјата на клубот

Читај повеќе

Нов дебакл за Килјан Мбапе

Читај повеќе

Исповед на Меси за неуспешното враќање во Барса

Читај повеќе
  • play_arrow

Каде се денес фудбалерите кои потпиша за Манчестер Јунајтед под Солскјер?

Читај повеќе
  • play_arrow

Аделман: Јокиќ не може 1 на 4!

Читај повеќе
  • play_arrow

Заради ова гледаме фудбал!

Читај повеќе

Гризман сепак ќе остане во Атлетико Мадрид

Читај повеќе

Германска водителка виновна за наводниот развод на Швајнштајгер и Ана Ивановиќ

Читај повеќе