Матеус: Тухел беше пред потпис во Италија, потоа се појави Баерн

Поранешниот гемански репрезентативец Лотар Матеус откри интересни детали околу сагата за потписот на тренерот Томас Тухел.

Германскиот стратег Томас Тухел минатата недела седна на клупата на минхенски Баерн откако клубот му врачи отказ на Јулиан Нагелсман. Да не се случеше тоа, Тухел најверојатно кариерата ќе ја продолжел во Италија, тврди легендарниот Лотар Матеус.

Поранешниот капитен на репрезентацијата на Германија, кој 4 сезони мина играјќи во Италија за Интер (1988-1992), изнесе тврдења дека актуелниот тренер на баварскиот тим бил во сериозни преговори со еден италијански клуб.

„Томас сакаше да работи веќе од лето и беше подготвен да преземе еден голем италијански клуб. Според информациите што ги имам, двете страни биле во сериозни преговори, но тогаш се појавил Баерн и сѐ застанало“, рече Матеус за германските медиуми.

Иако не сакаше да го открие името на клубот, тамошните медиуми шпекулираат дека Матеус мислел на неговиот поранешен тим Интер и тоа поради две причини. Прво, Матеус 4 години настапуваше за клубот од Милано и сѐ уште има добри контакти внатре во овој тим, а како второ, како што минува времето сѐ повеќе на Чизмата се зборува дека Симоне Инѕаги на крајот од сезоната ќе се раздели со „Нераѕурите“ поради слабите игри и резултати што неговиот тим ги остварува сезонава во Серија А. Двегодишниот договорот на Инѕаги со Интер истекува во јуни.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе