Мбапе и ПСЖ: Крај на бајката, каде понатаму?

Килијан Мбапе е на продажба, пишуваат француските медиуми Le Parisien и L'Équipe.

На ПСЖ му е доста од тоа што Мбапе го влече со месеци. Исто така е познато колку ПСЖ бара најдобриот млад фудбалер во светот. Сумата е 200 милиони евра за 22-годишниот Французин, што е значително повеќе од 180 милиони евра, кои ПСЖ ги плати за неговото доведување од Монако пред четири години.

Француските дневни весници пишуваат дека во ПСЖ се лутат што Мбапе ги влече со месеци и ги одбива понудите за продолжување на неговиот договор, кој завршува во 2022 година.

ПСЖ секој ден е сѐ поблизу до губење на играчот кој Пеле го прогласи за свој наследник, и тоа за многу помалку пари отколку што вреди. Претстојниот летен преоден рок е последниот во кој ПСЖ може да го продаде Мбапе со заработка или барем враќање на обесштетувањето, додека следната зима би отишол на половина цена, а следното лето бесплатно.

Неколку состаноци и понуди од ПСЖ не беа доволни за одлука

ПСЖ до ваква одлука дојде поради однесувањето на Мбапе во преговорите за продолжување на договорот.

„На последните неколку состаноци за време на преговорите за продолжување на договорот, ПСЖ му понуди на Мбапе нов договор на четири или пет години и плата во согласност со тешката ситуација предизвикана од корона-кризата, но Мбапе постојано бара повеќе време за размислување. Сега има многу малку време, а нему тоа не му значи многу“, пишува L'Équipe.

Бараше двојно поголема плата за да се изедначи со Нејмар

Угледниот париски весник наведува дека постојат две големи пречки за престојот на Мбапе во ПСЖ. Првиот е дека тој бара двојно поголема плата од таа што ја има. Тој во моментов заработува 17,5 милиони евра годишно, и бара 35 милиони за продолжување на договорот, што би го направило рамноправен со Нејмар и ќе му се придружи на третото место на најплатените фудбалери во светот. ПСЖ тоа ниту го сака, ниту може да му го даде.

Второто е дека Мбапе е убеден дека слабата француска лига не е вистинското место за неговиот развој и напредок. Хет-трикот кој неодамна го постигна против Барселона на „Камп Ноу“ само ја зацврсти неговата желба да игра против најсилните клубови што е можно поскоро во текот на целата година, а не само во Лигата на шампиони.

Французите пишуваат дека само три клуба се во трка за Мбапе. Тоа се Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер Сити. Сите го сакаат, но прашање е кој може да ги исполни неговите барања без да ја наруши веќе кревката финансиска структура.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе