УЕФА ЛИГА НА ШАМПИОНИ 2021/22

Мбапе во 94-та го потопи Реал, Сити со петарда во Лисабон

Двата воведни осминафинални пресметки од Лигата на шампионите синоќа донесоа интересен фудбал во Париз и Лисабон: ПСЖ и Реал патникот сепак ќе го одлучат во Мадрид, додека Манчестер Сити веќе е четвртфиналист откако победи со високи 5:0.

Тврд натпревар без многу шанси одиграа Пари Сен-Жермен и Реал Мадрид синоќа на преполниот „Паркот на принцовите“ во Париз. Домашните ја диктираа играта и го имаа поседот, меѓутоа бадијала кога едвај доаѓаа до самиот гол.

Шанса за „Светците“ се отвори кога во 62. минути добија пенал откако Дани Карвахал несмасно го фаулираше Килјан Мбапе. Одговорноста ја зеде Лео Меси, но Тибо Куртоа одлично го прочита и му го одбрани ударот од 11 метри.

Кога сите помислија дека натпреварот ќе заврши без голови и воедно без победник, во последната минута од четирите дадени како судиско надополнување Нејмар со пета го проигра Мбапе кој поита во гостинскиот шестнаесетник, се протна помеѓу Едер Милитау и Лукас Васкес и низ нозете на Куртоа ја затресе мрежата.

Дуелот во Лисабон помеѓу Спортинг и Манлестер Сити беше одлучен уште во првото полувреме. Во 7. минута Ријад Махрез го отвори резултатот носејќи водство за англискиот шампион кое во 17-тата го дуплираше Бернарду Силва. Во 32. минута Фил Фоден постигна трет гол, а на минута пред паузата Силва со својот втор гол донесе убедливо водство од 0:4.

Пет минути по паузата Силва прослави хет-трик, но ВАР му ја скрати радоста поради офсајд. Спортинг сепак не избегна петарда бидејќи во 58. минута Силва му асистирапе на Рахим Стерлиг кој го постави конечниот резултат.

Ревашните во Мадрид и Манчестер се закажани за 9 март. Во шпанската престолнина ќе се бара патникот за во четвртфиналето, додека во Манчестер ќе биде само формалност

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

Фудбал

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Read more

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Read more

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Read more

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Read more
 

Спорт

Антонио Конте се враќа: Ќе преземе тим што пропаѓа

Читај повеќе
  • play_arrow

Турското „чудо од дете“ го донесе Реал на дофат до титула

Читај повеќе

Sport Italia: Се подготвуваат револуционерни промени во Наполи

Читај повеќе

Барди малку претера: Во еден период бев подобар од Лео Меси

Читај повеќе

Кин и Невил: Бевме пијаници, а потоа дојдоа нутриционистите

Читај повеќе
  • play_arrow

Диуф го издрибла Макрон, па овој го шутна по нога

Читај повеќе
  • play_arrow

Легендарниот Чарлс Баркли го исчисти подот на Лејкерс по новиот пораз од Јокиќ и Денвер

Читај повеќе

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе