Меган Маркл ги покажа актерските вештини во забавниот дел на емисијата The Ellen Show, исполнувајќи ги бизарните наредби на водителката.
Елен Деџенерис побара од Маркл да се однесува на различни бизарни начини додека ги посетуваше продавачите на тезги.
Маркл првин се доближи до продавачка која продаваше кристали, викајќи „добра енергија“ додека ги допираше камењата.
„Имам моќ за лечење, дали ја чувствувате мојата моќ?“, се пошегува Меган.
Потоа зеде еден од поголемите кристали на масата, го допре до лицето и полна гласно да пее, според упатствата на Деџенерис.
Меѓу останатите урнебесно бизарни делови од снимката, Маркл јаде чипс со лут сос велејќи дека на мама ѝ треба млеко, а потоа пие од бебешко шише кое го извади од торбата.
Можеби поимпресивна од неа беше продавачката на лут сос која остана рамнодушна гледајќи ја Маркл како пие од бебешкото шише.
Иако многумина уживаа во нејзините шеги, повеќето Британци имаат силни негативни критики за постапките на Маркл, сметајќи дека таа е „срам за кралското семејство“.