Моментално е руина – На стадионот во Белфаст ќе се игра фудбал на ЕУРО 2028

Макфакс/Кајгана
/ 05.10.2023 / 10:55

Обединетото Кралство и Ирска ќе го организираат Европското првенство во 2028 година. Турците се откажаа со намера да се фокусираат на домаќинството на ЕУРО четири подоцна. Поради тоа, УЕФА наскоро и официјално ќе им додели на Англија, Шкотска, Велс, Северна Ирска и Ирска домаќинство на континенталниот собир кој ќе се игра за пет години.

ЕУРО 2028 ќе се игра на десет стадиони ширум Британските Острови, односно Велика Британија и Ирска. Еден стадион е во изградба и тоа оној на Евертон во Ливерпул, кој треба да биде подготвен за следната сезона. Допрва треба да започне изградбата на стадионот во Белфаст, главниот град на Северна Ирска.

Поточно, стадионот на кој ќе се играат натпревари од ЕУРО 2028 е изграден, но постоечкиот објект ќе биде урнат и Белфаст ќе добие сосема нов стадион. Станува збор за „Кејсмент Парк“, стадионот на кој некогаш се играше ирски фудбал, но кој е напуштен веќе десет години. Моментално е обраснат во трева и е во трошна состојба.

На местото на сегашните урнатини ќе се гради нов стадион кој ќе може да прими 34.500 гледачи. Жителите на Западен Белфаст, делот од градот во кој се наоѓа „Кејсмент Парк“, се обиделе да ја спречат изградбата на новиот стадион, сметајќи дека тоа негативно ќе се одрази на нивните животи, но не успеале.

Стадиони кои ќе бидат домаќини на ЕУРО 2028:

„Вембли“ - Лондон, Англија
„Принсипалити“ - Кардиф, Велс
„Хампден Парк“ - Глазгов, Шкотска
„Тотенхем Хотспар“ - Лондон, Англија
„Итихад“ - Манчестер, Англија
„Евертон“ - Ливерпул, Англија
„Сент Џејмс Парк“ - Њукасл, Англија
„Вила Парк“ - Бирмингем, Англија
„Авива“ - Даблин, Ирска
„Кејсмент Парк“ - Белфаст, Северна Ирска

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Идеја за појадок: Мини крофни од апарат

Read more
Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Макрон: Негирањето на Израел како држава е нова форма на антисемитизам

Read more
Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Тами Ејбрахам може да ја откачи Англија и да заигра за Нигерија

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе