На Вардар црно му се пишува ако не достави Завршна сметка и Ревизорски извештај

Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар има нов голем проблем и повторно е во трка со времето, а тоа може да резултира и со несакани последици околу настапот во првата лига.

За да игра во елитата, Вардар треба да исполни одредени административни, технички и финансиски услови за да добие лиценца за настап.

Претставникот на Комитите, Милорад Миленковски, информира дека Слободан Крстевски, сопственикот на Вардар, до петок мора да поднесе Завршна сметка и Ревизорски извештај до Фудбалската федерација на Македонија како би се добила лиценцата за настап во 1.МФЛ.

„Наместо убави моменти, кои според секоја логика требаше да ги доживуваме, а ФК Вардар, нашата љубов, да ги живее, започнува црно сценарио, во кое во главна улога е олигархијата, и темната страна на политиката, на терен претставена од најистурениот играч на непријателите на Вардар, 'сопственикот' - Слободан Крстевски. Тој во многу наврати си дозволи да нѐ излаже нас, и стручниот штаб, и играчите, и секој еден поединец од сите делови на она што претставува Вардар, а паралелно со нас и јавноста. ФК Вардар е ставен во многу незавидна ситуација од тие лаги, манипулации и измами со кои се служи овој човек, а покрај него и сите кои стојат позади него, во оваа специјална војна која му се случува на клубот. Цобе ветува дека до петок ФК Вардар ќе поднесе Завршна сметка и Ревизорски Извештај до Лиценцната комисија при ФФМ, за настап во првата лига, со цел да докаже дека барем еднаш ќе одигра за интересите на Вардар и сите ние кои сме вљубени во тоа свето име и македонска авангарда. Иако е клубот 'негов' тој до сега ниту еднаш не направи ниту еден потег за да го покаже тоа на дело… Неверојатно, но вистинито!?“, објави јавно Миленковски.

„Институциите, и надлежните органи не најдоа за сходно, барем до сега, да направат било каков чекор во правец на заштита на она што претставува национално богатство, симбол и клуб на народот. А упатени беа безброј апели, од искрени побуди и со чистина невидена досега на нашата сцена. Тоа не беше доволно, за да се одбере народот наместо олигархијата, за жал.

Останува Вардар да се потпира само и единствено на Комити - Скопје, останатите навивачи на Вардар, но и конечно народот и јавноста. Оставени сме сами на себе, но ако сме одлучни оваа војна да ја истераме до крај, без притоа да го жалиме непријателот, а ниту себеси, уверен сум дека ќе доживееме победа и сеопшт народен триумф, кој му е толку потребен на овој напатен народ, како за промена од секојдневието исполнето со порази и деморализација на сопствениот народ. Ако го сакаме Вардар дајте сите да се избориме за него, без колебања и без пардон, затоа што ВАРДАР е МАКЕДОНИЈА!

Доколку тоа не го сториме, ќе нѐ колнат нашите поколенија, затоа што не сме достојни да се нарекуваме родители и слободни луѓе, ниту пак сме достојни да ја газиме оваа света земја Македонија. Нема да сме достојни да се нарекуваме Комити“, истакна Миленковски.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и се друштвото разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе