Најпаметното воено оружје: Порано ЦИА тренирала делфини да уништуваат бродови

Кон средината на 60-тите години на минатиот век, Америка обожавала делфини. Постојат повеќе примери за тоа, но најочигледен е тв-серијалот Flipper во кој главна ѕвезда е токму делфин.

Истовремено, далеку од светлата на Холивуд, Централната известувачка агенција (ЦИА) во тајност го развивала проектот OXYGAS.

Дури во 2019 година ЦИА објави дел од топ секрет документацијата за експериментите со делфини, тренирани да уништуваат непријателски бродови, пишува Popular Mechanics.

OXYGAS стартувал со два диви делфини што покажува и објавената документација. Планот бил тивко да се инфилтрираат во непријателски пристаништа и заливи, да остават експлозивни направи покрај означените бродови. Сочувана е и илустрација која ја прикажува технологијата,ж.

ЦИА била импресионирана со развојот на програмата па се размислувало за нови задачи како извидување, електронски мониторинг, па дури и поставување сензори за откривање биолошко и нуклеарно оружје.

Иако експериментот напредувал, ЦИА наишла на нерешлив проблем, дивите животни биле непредвидливи. Кон почетокот на 1964 година било јасно дека постојат многу ограничувања, како и тоа дека делфините се зближуваат со тренерите и би можеле да ги игнорираат непознатите лица во текот на мисијата.

Три години подоцна почнала да слабее поддршката, идејата била финансирањето да го преземе АРПА (првиот облик на Агенцијата за развој на нови технологии (ДАРПА). ЦИА се повлече во 1970 година.

Од друга страна, американската морнарица продолжи со истражувањето и почна да ги користи делфините за откривање подводни бомби. Оваа програма постои до денешен ден.

Remote video URL
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе

Што можете да направите против опаѓање на косата по породување?

Читај повеќе

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Читај повеќе