ТРАНСФОРМАЦИИ ЗА ОДРЖЛИВОСТ

НаТочак предлага: Вака може да изгледа улицата „Цветан Димов“ во Чаир

#НаТочак, групата ентузијасти чија заедничка цел е подобро велосипедско Скопје, продолжува со активности за кревање на свеста и промовирање на културата на користење велосипед како превозно и рекреативно средство.

Активистите од групата под хаштазите #СоТочакЗаКлима #ДаЗборувамеЗаКлима на Facebook групата објавија нов предлог за тоа како би можело да изгледа една од скопските улици, по предлогот за улицата улицата „Никола Русински“ во Карпош.

Овојпат предлогот на НаТочак се однесува на улицата Цветан Димов во Чаир, која сега е автоцентрична улица, двонасочна со по 2 ленти за автомобили во насока и тротоари со убави стари дрвја и паркирани возила.

Во нивната фотомонтажа за идејното решение, улицата е обработена кај нејзиниот најтесен дел, кај Јаја Паша.

💚На фотомонтажата е прикажана нејзина можна трансформација од коловоз со ленти со димензија од 3,10-3,25 метри во коловоз со ленти со димензија: 3,5 -3,7 метри за мешана автобуско-велосипедска лента и 2,75 метри за автомобилите, без никакви градежни интервенции, само со ознаки и евентуално некакви лесни монтажни прегради. 

🚗Од 4 ленти за коли од кои најчесто се користат 2, поради некој паркиран „на 5 минути“ до исто така само една активна лента за автомобили во насока

🚌+🚲 но и специјални ленти за јавниот превоз и велосипедите кои во моментот недостасуваат. Со вакво решение и тротоарите би биле позаштитени.

🔎Дел од улиците од примарната мрежа последниве години се трансформираа (си ги добија назад постоечките велосипедски патеки кои беа неуредени или узурпирани со паркирани возила или пак добија велосипедски ленти со патна диета), но на дел од нив, како „Борис Трајковски“ или „Цветан Димов“ иако непосредно го тангираат центарот на градот сѐ уште не се спроведуваат издвоени велосипедски ленти или патеки со изговор дека нема доволно простор...

📐Измеривме. Се работи за сегмент долж „Цветан Димов“ долг само 1,1 км, од надвозникот северно од Битпазар до ул. „Џон Кенеди“, каде улицата е потесна, а во остатокот може да се издвојат посебни велосипедски ленти. Пробавме да издвоиме и тука. Но тоа би значело:

-или сведување на коловозот на 3 ленти за возила, што би било во ред кога тука не би минувале толкав голем број линии на јавен превоз за кои се залагаме да има посебни ленти.

-или сечење на дрворедот што е недозволиво.

-или делење на просторот со пешаци што е невозможно во тие димензии и не би било позитивно за локалниот живот кој е многу активен на оваа улица

Сметаме дека во сегмент долг 1,1 километри не е проблем да се споделува лента меѓу автобуси и велосипеди. Тоа секако е подобро од сегашното решение каде најдесната лента се споделува меѓу паркирани возила, возила во движење, автобуси и велосипеди. Движењето 30 наместо 50 км/ч на толкав сегмент со сите постојки не би ги успорило автобусите повеќе од 52 секунди.

🆕Не можеме да имаме унифицирани решенија низ цел град. Мора сите улици и сегменти специфично да се третираат.

Овие сегменти на „Борис Трајковски“ и на „Цветaн Димов“ со живата економска активност се всушност „Рекорд“-от на Чаир и на Кисела Вода.

Тука сообраќајот треба да се успори и да се даде предност на одржливите начини на превоз. Особено онаму каде што има живост на активности и недостасува простор, сообраќајот не се решава преку автомобили, туку преку пешачење, возење велосипед, јавен превоз, зашто тие се просторно поефикасни.

♻️Ова е само еден предлог како може да се размислува „надвор од кутијата“ при решавање на некои специфични точки во градот. Ова е и поттик за мислење и на велосипедите при спроведување на новиот БРТ систем.

✅Не е доволно да имаме велосипедски поврзувања само во Карпош и Аеродром, мора да се смислат начини и за Чаир и за Кисела Вода. Тоа некогаш значи дека улиците МОРА и нестандардно да се трансформираат.

✅Не во кампањите и не во декларативните заложби, туку во просторот се гледа вистинската еколошка и климатска заложба за сообраќајот.

📣Го предизвикуваме Градот Скопје и другите општини низ државата да покажат дека нивните заложби се искрени со трансформации за одржливост и на тесните грла од мрежата.

#СоТочакЗаКлима #ДаЗборувамеЗаКлима

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе

Предупредувачки симптоми дека имате сериозни проблеми со тироидната жлезда

Читај повеќе