Научници мислат дека го откриле гробот на Дедо Мраз

Научниците веруваат дека можеби го откриле гробот на Дедо Мраз закопан под подот на црква во, верувале или не, Турција!

Сепак, гробницата која е откриена не му припаѓа на вистинскиот Дедо Мраз, туку само на инспирацијата зад него.

Гробот на Свети Никола, кој починал пред повеќе од 1.600 години, се вели дека е во Турција, велат археолозите. Но, работите стануваат и чудни, бидејќи мртвото тело на Свети Никола било погребано во стара црква во турската провинција Анталија, но точната локација на неговите посмртни останки не е позната.

Всушност, неговите вистински останки биле украдени околу 700 години откако умрел, па затоа било многу тешко да се одреди точната локација на неговиот гроб.

Меѓутоа, во 2017 година, истражувачите открија дека е изградена друга црква на темелите на базиликата, каде се наоѓа гробот на светителот. Откриле и уникатни мозаици и камени подови, кои очигледно се со ист дизајн како претходното светилиште, пренесува DHA.

Проф. д-р Осман, претседател на Регионалниот комитет на Анталија за зачувување на културното наследство, објасни: „Кога беше отстранета плочата од естрих, поставена во 1970-тите, беше извршено ископување за да се открие што има под него. Резултатот беше подната облога за црквата од IV век. Денешната црква е изградена подоцна. Во различни делови на објектот има некои архитектонски траги од раниот период, но немало траги во однос на подот. Ова е подот, тој е создаден, можеби и порано. Нашите пријатели кои го направија ископувањето се подготвуваат да го објават ова. Всушност, тоа е под од периодот во кој живеел, под на кој стапнале стапалата на Свети Никола. Ова е исклучително важно откритие, прво откритие од тој период“, рече тој и нагласи:

„Затоа, оваа црква ја гледаме како откритие што малку повеќе ќе ја зголеми архитектонската историја и нејзината иконографска вредност. Ќе биде покриена со одредена техника и подготвена за изложба“, изјави тој.

Потоа дополнително беше објаснето што има во црквата и колку е тоа важно.

„Веројатно има повеќе коски за кои се тврди дека му припаѓаат, или барем други иконографски фрагменти. Секако дека црквата денес има посебно значење, но за жал, поради зголемувањето на морските нивоа во регионот, црквата од раниот период е речиси два метри под нивото на морето. Ова одвреме-навреме предизвикува поплави. Не знаеме точно колку е ниско, но ако е под вода, имаме само едно решение, а тоа е да копаме“, рече тој.

Remote video URL
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Чек дис аут

15 најмистериозни подводни аномалии

Read more

Како изгледа животот на еден од најгусто населените острови во светот?

Read more

Топ 15 најстрашни туристички атракции

Read more

7 најлегендарни изгубени градови

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе