Нобеловата награда за мир ја доби Светската програма за храна

Светската програма за храна ја доби Нобеловата награда за мир за нејзините напори во борбата против гладот ​​и несигурноста во снабдувањето со храна низ целиот свет (UN WFP), објави претседателката на норвешкиот Комитет за Нобеловата награда Берит Рајс-Андерсен.

Иако Комитетот чува во апсолутна тајност кој кандидат го смета за свој фаворит, на објавувањето на добитникот на наградата секогаш му претходат шпекулации.

Оваа година, како фаворити се спомнуваа шведската активистка против климатските промени Грета Тунберг, рускиот дисидент Алексеј Навални и Светската здравствена организација за нејзините напори во борбата против пандемијата на COVID-19.

Меѓу кандидатите за Нобелова награда за мир беа 211 поединци и 107 организации. Номинациите можат да бидат предложени од специфични групи, вклучително законодавци и државни лидери и одредени меѓународни институции.

Крајниот рок за номинации беше 1 февруари, што значи дека оние кои се на првата линија во борбата против COVID-19, која беше прогласена за пандемија во март, веројатно не се најдоа меѓу кандидатите.

Наградата доаѓа со 10 милиони норвешки круни или близу 935.000 евра и златен медал што ќе се додели на церемонијата во Осло на 10 декември. Овогодинешната церемонија ќе се одржи во намален обем поради пандемијата.

Досега беа објавени добитниците на Нобеловата награда за медицина, физика, хемија и литература. Добитникот на Нобеловата награда за економија ќе биде објавен следната недела.

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Свет

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Read more

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Read more

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Read more

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Read more
 

Вести

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Читај повеќе

Комисијата за заштита од дискриминација незадоволна од предлог-законот за основно образование

Читај повеќе

Планиран атентат на италијанската премиерка Џорџа Мелони

Читај повеќе

ЕУ има нов план за мигрантите, промената е драстична

Читај повеќе
  • play_arrow

Лавров влезе во ЕУ, на Захарова ѝ ја укинаа визата

Читај повеќе

Мицкоски: Не може да му помагаме на ЈСП во недоглед

Читај повеќе

Русинка шпионирала во САД за Руската Федерална служба

Читај повеќе
  • play_arrow

Калуѓерка уапсена за поврзаност со италијанската мафија

Читај повеќе

Amnesty International за прв пат тврди дека Израел врши геноцид во Појасот Газа

Читај повеќе