Нобелова за медицина за научниците кои го открија подмолниот хепатит Ц

Оваа година Нобеловата награда за медицина им беше доделена на Харви Алтер, Мајкл Хотон и Чарлс Рајс, тројца научници кои идентификуваа нов вид на вирус - хепатит Ц.

Нивните откритија доведоа до ново ниво во борбата против вирусите што се пренесуваат преку крв. Пред нивниот труд, откривањето на вирусите на хепатит А и Б беше клучен чекор напред, но повеќето случаи на хепатитис што се пренесува преку крв останаа необјаснети, се наведува на официјалната веб-страница на Нобеловата награда.

Станува збор за пресвртна точка во борбата против вирусните заболувања. Благодарение на нивното откритие, сега се достапни високо чувствителни крвни тестови за вирусот, кои, всушност, го елиминираа по трансфузискиот хепатит во многу делови на светот, што значително го подобрува глобалното здравје.

Нивното откритие исто така овозможи брз развој на антивирусни лекови насочени против хепатит Ц. За прв пат во историјата, болеста може да се излечи, зголемувајќи ги надежите за искоренување на вирусот хепатит Ц кај светската популација. За да се постигне оваа цел, ќе бидат потребни меѓународни напори за да се овозможи тестирање на крвта и достапност на антивирусни лекови низ целиот свет.

Remote video URL
Подмолна болест

Статистичките податоци покажуваат дека постојат многу варијации на вирусот на хепатитис низ целиот свет, од кои се заразени над 3% од светската популација, повеќето од нив без свесно да знаат дека се заразени. Се проценува дека помеѓу 150 и 200 милиони од светската популација се заразени со вирус на хепатит Ц (вирус HCV).

Хепатитисот Ц спаѓа во групата на заразни болести и влијае на црниот дроб. Таа е предизвикана од вирусот HCV.

Акутниот хепатитис Ц се однесува на првите 6 месеци од инфекцијата со вирусот HCV, додека хроничниот хепатитис се однесува на случајот кога вирусот преживува во човечкото тело повеќе од 6 месеци. Вирусот може да биде во мирување во телото со децении, без никакви видливи физички симптоми.

Како се пренесува хепатит Ц?

Хепатитисот Ц се пренесува само преку крвта. Во контакт со заразена крв на друго лице може да се дојде преку:

* Употреба на исти игли (ризичната група вклучува корисници на наркотични дроги, лица кои примиле трансфузија на крв пред 1994 година, лица на континуирана дијализа, лица со тетоважи)

* Раѓање (мајка заразена со HCV)

* Ретко и со сексуален однос (обично ако партнерот е заразен со друга сексуално пренослива болест, како што е СИДА, што го прави крвниот контакт поверојатен).

Акутен хепатит Ц

Во акутната фаза на болеста (првите 6 месеци од инфекцијата), 60-70 проценти од луѓето немаат никакви симптоми. Акутниот хепатитис Ц, доколку се појават симптоми, честопати се дијагностицира погрешно како грип, бидејќи симптомите на хепатитис Ц се многу слични на симптомите на грип. Затоа, ако се појават симптоми на хепатит Ц, тие се:

* намален апетит

* исцрпеност

* болки во стомакот

* чешање

* жолтица

* лесна треска (повисока температура со треска)

* потемна урина

Хроничен хепатит Ц

Хроничен хепатитис Ц, клинички гледано, најчесто се открива случајно – со оглед на тоа дека може да поминат години без да се почувствуваат никакви симптоми. Обично, позначајните симптоми на хепатитис се појавуваат само со значително оштетување на црниот дроб. Хепатит Ц е болест што влијае на голем број органи покрај црниот дроб, така што системите се многу разновидни кога ќе се појават:

* исцрпеност

* значително губење на тежината

* симптоми на грип

* болка во мускулите

* болки во зглобовите

* повремена треска со малку покачена температура

* чешање

* нарушувања на спиењето

* абдоминална болка (особено во горниот десен дел)

* промени во апетитот

* гадење, мачнина

* дијареја

* лошо варење

* когнитивни промени

* депресија

* главоболка

* промени во расположението

Со текот на време, црниот дроб страда сè повеќе од воспалението, што го спречува неговото ефикасно функционирање. Доколку не се лекува, овој вид на вирус може да доведе до болести како што се рак на црниот дроб, оштетување на црниот дроб (фиброза) и значително оштетување на црниот дроб (цироза на црниот дроб).

реклама

Колку ќе се зголеми саатницата во Германија во 2025 година?

Read more

Изјавата на Роналдо за Мбапе од пред два месеца сега е хит на денот

Read more

Предупредувачки симптоми дека имате вишок кортизол

Read more

Две намирници кои ги јадеме речиси секој ден го уништуваат црниот дроб

Read more

Наука

Големо научно откритие за Венера - „лошата близначка“ на Земјата

Read more

Археолошко богатство најдено во термални бањи во Тоскана

Read more

Како луѓето ја поместија Земјината оска на ротација?

Read more

Зошто напредните роботи сè уште имаат проблеми со едноставни задачи?

Read more
 

Гик

Кинеските војници стануваат речиси невидливи

Читај повеќе

Тајните на подемот на диносаурусите се кријат во нивниот фосилизиран измет

Читај повеќе
  • filter

Polyphony Digital подготви бесплатна верзија на игрицата Gran Turismo

Читај повеќе

Големо научно откритие за Венера - „лошата близначка“ на Земјата

Читај повеќе

Ништо од поддршката за Windows 11 на постарите уреди

Читај повеќе

Perplexity Pro – една од најнапредните AI алатки за пребарување, достапна бесплатно една година за сите Телеком корисници

Читај повеќе
  • filter

Археолошко богатство најдено во термални бањи во Тоскана

Читај повеќе

Xiaomi 15 Ultra: Протекоа нови детали за еден од најмоќните смартфони

Читај повеќе

Нов американски извештај: Потеклото на COVID-19 е поврзано со истекување во лабораторија

Читај повеќе