Нов трејлер за биографскиот филм „Tolkien“
Ако може да се суди според трејлерите, биографскиот филм „Tolkien“ повеќе се обидува да го опише начинот на кој легендарниот Џ.Р.Р. Толкин ги има напишано неговите најпознати дела, отколку што сака да го прикаже неговиот приватен живот. И тоа е добра работа.
Вториот трејлер за „Tolkien“ уште толку ќе ги возбуди фановите на „Lord of the Rings“ и „The Hobbit“, а преку симпатичниот Николас Хоулт ќе можат подобро да го запознаат креаторот на овие дела.
Премиерата на овој филм е закажана за 10 мај оваа година.