Објавен нов трејлер за „The Nutcracker and the Four Realms“
Disney објави нов трејлер за „The Nutcracker and the Four Realms“, адаптација на книгата „The Nutcracker and the Mouse King“ од Е.Т.А. Хофман и балетот „Оревокршачка“ на Петар Илич Чајковски.
Филмот е во режија на Лас Халстром, а во главните улоги се појавуваат Мекензи Фој како Клара, Кира Најтли, Мисти Копленд, Миранда Харт, Морган Фримен, Хелен Мирен и други.
Премиерата е закажана за 2 ноември.