Од помошник до шампион: Титулата првак на Африка е моја одмазда на фудбалот и животот

Селекторот на репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, Емерс Фае, денеска изјави дека освојувањето на титулата на Африканскиот куп на нации е негова одмазда на фудбалот и животот, бидејќи поради здравствени проблеми морал предвреме да ја заврши својата играчка кариера.

Пред три дена Брегот на Слоновата Коска по третпат стана африкански шампион, откако во финалето ја совлада Нигерија со 2:1 со пресврт. За време на првенството за привремен селектор беше назначен Емерс Фае, кој во текот на својата играчка кариера стигна до финалето на ова натпреварување во 2006 година, каде по речиси две децении ја освои титулата, но во друга улога.

Фае, инаку, беше играч од средниот ред кој кариерата ја заврши во 2012 година, на само 28 години, поради проблеми со воспаление на вените на нозете. Никогаш досега немаше како тренер водено тим во сениорска конкуренција, што овој подвиг го прави уште поголем.

„Ова е мојата одмазда, за фудбалот и за животот воопшто, бидејќи на 28 години морав да престанам да играм затоа што тоа ми го загрозуваше здравјето. Оттогаш решив како тренер да го освојам секој трофеј што не го освоив како играч. Тоа долго време ми е во глава“, изјави в.д. селекторот на Брегот на Слоновата Коска.

URL

Еден ден по освојувањето на титулата, фудбалерите беа пречекани од илјадници луѓе на улиците на некогашниот главен град - Абиџан.

„Ќе биде потребно време за да го апсорбирам сето ова. Претседателот (Аласан) Уатара ми се заблагодари и ми честиташе. За нашата земја беше важно да го освоиме овој турнир“, рече Фае, кој по големиот успех од Федерацијата доби парична награда од 163.000 долари.

Брегот на Слоновата Коска има големи амбиции за Мундијалот 2026 во Канада, САД и Мексико, откако ги пропушти последните два светски собира со Катар 2022 и Русија 2018.

„Некои би рекле дека сум премногу амбициозен, но зошто да не го освоиме Светското првенство? Но, пред тоа е новиот Африкански куп на нации во Мароко и тоа исто така ќе биде тешко“.

Емерс Фае на клупата на националниот тим го наследи францускиот стратег Жан-Луи Гасет, кој доби отказ по понижувачкиот пораз од Екваторијална Гвинеја (0:4) во последниот натпревар од групната фаза. Фае сѐ уште го ужива статусот на привремен селектор, односно вршител на должноста, за кој вели дека ќе мора подетално да разговара со челниците на ФИФ (Фудбалска федерација на Брег на Слонова Коска).

„На сред натпреварување сакаа да ја потврдам позицијата, но јас реков дека не сакам да зборувам за тоа пред крајот на турнирот. Сега ќе видиме. Прво треба да одморам, да одам на одмор со сопругата и ќерките. Уморни сме, ова беше долг турнир. Ме боли вратот, ми треба време да се одморам, моето семејство го заслужува тоа бидејќи и за нив беше стресно“, заврши Емерс Фае.

Роден во Нант, Франција, играчката кариера ја почна во Нант, а настапуваше уште и за Рединг (кога играше во Премиер лигата) и Ница. За својата репрезентација одигра 41 натпревар и постигна 1 гол, а беше дел од Мундијалот 2006 во Германија и од Африканскиот куп на нации во 2006, 2008 и 2010.

Емерс Фае во дресот на Ница

По прераното завршување на кариерата Фае се приклучи на тренерскиот центар во Ница за да ги добие потребните дипломи за да стане тренер. Потоа ги водеше У17 и У19 тимовите на Ница, а летото 2021 седна на чело на резервниот тим на Клермон. По една година беше назначен за селектор на У23 репрезентацијата на Брегот на Слоновата Коска, како и помошник на Гасет во сениорската репрезентација.

40-годишниот Фае стана шампион на Африка практично со нула искуство во водењето на професионален сениорски тим, било на клупско или репрезентативно ниво.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе