Од утре акција за собирање кабаст отпад низ цело Скопје

Во периодот од 18 до 22 мај 2021 година, ЈП „Комунална хигиена“ Скопје ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад во сите скопски општини.

Во рамките на акцијата ќе се постават специјални садови во кои граѓаните ќе можат да го одложат стариот мебел и отпадот од електричната и електронската опрема.

„Законот за јавна чистота забранува кабастиот отпад да се одлага на јавни површини, а неговото несовесно исфрлање резултира со создавање диви депонии. Од овие причини одлучивме на жителите на градот Скопје да им понудиме можност својот кабаст отпад да го одложат во специјални садови што ќе бидат поставени во непосредна близина на нивните домови. Ги повикуваме  граѓаните да ја искористат можноста за одлагање кабаст отпад во рамките на акцијата што истовремено ќе се одвива во сите скопски општини“, истакна директорот на ЈП „Комунална хигиена“ Скопје, Абдусамед Шабани.

Контејнерите наменети за одлагање кабаст отпад ќе бидат поставени на следните локации:

Општина Бутел

  • Скопје Север - кај Стокомак
  • Бутел 2 - на платото кај џамијата
  • Помеѓу 1 и 2 влез во Радишани
  • Спроти црквата Св. Јован кај трансформаторот во Бутел 1

Општина Аеродром

  • Јане Сандански - бул „АСНОМ“ бр.68 
  • Стар Аеродром - ул. „Коста Новаковиќ“ бр.48 („23-ти Октомври“ бр.29)
  • Ново Лисиче - бул. „Видoe Смилевски Бато“ бр.19
  • Ново Лисиче - бул. „АСНОМ“ бр.5 (кај Ramstore)

Општина Чаир 

  • раскрсницата меѓу бул. „Цветан Димов“ и ул. „Коста Абрашевиќ“
  • ул. „Ферид Мурад“, до средното училиште „Цветан Димов“, кај Топлана Север
  • ул. „Крсте Асенов“ бр. 5 кај контејнерите (до чајџилница Пајтон)
  • раскрсницата меѓу ул. „Дижонска“ и ул. „Втора македонска бригада“ (кај контејнерите)

Општина Kaрпош

  • Тафталиџе 2 - на улица „Женевска“ (автобуска постојка на последна 24-ка)
  • Козле - кај ресторанот Македонска куќа
  • Долно Нерези - на улицата „Ванчо Мицков“
  • Влае 2 - позади Порта Влае, кај контејнерите на ЈПКХС, во близина на автобуската постојка

Општина Шуто Оризари

  • Автобуска постојка на последна 19-ка
  • Спроти затворот, кај Жуто Лукс
  • На паркингот зад општината Шуто Оризари

Општина Ѓорче Петров

  • Ѓорче 2 - автобуска постојка на последна 5-ка
  • Хром - автобуска постојка на последна 4-ка
  • Стара полициска станица
  • Даме Груев - Месна заедница Ге-Ге

Општина Гази Баба

  • Ченто - ул. „Маџари“, спроти ресторан Dalia
  • Автокоманда - ул. „Лазар Поп Трајков“, кај месната заедница
  • „Алија Авдовиќ“, ул. „Методија Андонов Ченто“, кај месната заедница
  • Триангла - ул. „Благоја Стефковски“, кај КАМ маркет

Општина Кисела Вода

  • Драчево - ул. „Бранко Заревски“ бр.17, Парк на бранители
  • Кисела Вода - ул. „Христо Татарчев“ (главна) наспроти ЈДГ 8-ми Март
  • Цветан Димов - ул. „Георги Димитров“ (заден влез на СГУ „Васил Антевски Дрен“)
  • Црниче - ул. „Наум Охридски“ бб (пред УЗ Црниче)

Општина Центар

  • Пролет - Паркинг на ЈП ПОЦ спроти Веро Џамбо
  • Водно - ул. „Питу Гули“, кај Тинекс
  • Буњаковец - Влезот на ООУ „Ј.Х. Песталоци“ 
  • Дебар Маало - кај кружниот тек

Општина Сарај

  • Кај претоварната станица на ЈПКХС 
  • Локација на старата општина Сарај
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе