Селекторите Благоја Милевски и Вили Сањол на УЕФА ѝ го предадоа листот со стартните 11 за своите репрезентации за вечерашниот натпревар.
Нашиот Милевски почнува со стандардниот Столе Димитриевски помеѓу стативите, во одбраната лево Езџан Алиоски, десно Стефан Ашковски, на централните бековски позиции Висар Муслиу и Дарко Велковски, во средината капитенот Енис Барди, Стефан Спировски и Елиф Елмас, лево крило Александар Трајковски, десно крило Дарко Чурлинов, а во нападот истурениот Милан Ристовски.
Франзуцинот Сањол одлучи неговата Грузија да стартува со Гиорги Мамардашвили на голот, во одбраната Давид Хочолава, капитенот Гурам Кашиа и Отар Какабадзе, во средината Гиорги Цитаишвили, Ника Квеквескири, Гиорги Абурџаниа, Соломон Кверквелиа и Хвича Кварацхелиа, а во нападот Буду Зивзивадзе и Зурико Давиташвили.
Натпреварот на стадионот „Тодор Проески“ почнува во 20:45 часот. Правдата ќе ја дели израелскиот арбитар Роб Рајнсхрајбер кому ќе му помагаат Давид Битон и Саѓ Метзамбер, четврти судија е Еитан Шмуелевиц, а во ВАР собата ќе бидат нивните сонародници Давид Фуксман и Зив Адлер.
На територијата на Македонија директен пренос ќе врши ArenaSport 1.