Охриѓанец ја искршил таблата на бугарскиот клуб Цар Борис III и сам се пријавил во полиција

Четириесет и седумгодишен охриѓанец ја искршил таблата, поставена над просториите на новоотворениот бугарски културен клуб „Цар Борис III“ во Охрид, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Според него, вчера бил извршен разговор со Г.И. (47) од Охрид, при што било констатирано дека тој е сторител на кривичното дело „оштетување“, извршено на рекламна табла со натпис „Цар Борис III“ поставена над објектот од здружението лоцирано во трговскиот центар „Амам“ на булеварот „Македонски Просветители“ во Охрид.

– Во врска со делото, предвидено во член 243 од Кривичниот законик, а во консулатација со јавен обвинител, СВР Охрид до Здружението ќе испрати известување имајќи предвид дека согласно чл. 243 ст. 3 гонењето за делото се презема по приватна тужба, стои во информацијата на СВР Охрид.

Охриѓанецот, вчера претпладне со земјоделска алатка ја искршил таблата на која стоеше натписот „Цар Борис III“, а потоа сам се пријавил во Полициската станица во Охрид. Делото го извршил самоиницијативно, но не ги навел причините.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Хроника

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Read more

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Read more

Вработена во МВР фатена со мито од 12.500 евра

Read more

Екстрадиран Бесим Красниќи

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе