Осум интересни факти за мрзливците

Мрзливците јадат, спијат, висат по дрвјата цел ден и без грижи ја гледаат својата работа. Барем така изгледа. Ретко кој знае, но тие се одлични пливачи.

Откриено е дека има неколку причини зошто мрзливците се толку бавни, а мрзеливоста не е една од нив. Еве неколку работи што треба да ги знаете за најбавното животно на светот.

1. Мрзливците со два и со три прста не се толку слични

Постојат два вида на мрзливци со два прста, кои припаѓаат на семејството Megalonychidae, и четири вида со три прста, кои се припаѓаат на семејството Bradypodidae. Овие два вида се далечни роднини и имаат неколку значајни разлики меѓу нив. Додека мрзливците со три прста се активни во текот на денот, мрзливците со два прста се ноќни животни. Мрзливците со три прста се и помали и побавни од нивните братучеди со два прста.

Сепак, двете семејства на нозете имаат по три прсти. Вистинската разлика е во прстите на рацете, на кои едното семејство има две, а другото три канџи. За да се избегне забуна, некои групи, како што е Организацијата за заштита на мрзливците, почнуваат да ги нарекуваат двопрстни и тропрстни.

2. Потомци се на џиновските мрзливци

Мрзливците со два и со три прста еволуирале од џиновскиот мрзливец, кој тежел неколку тони и бил висок речиси 4 метри. Ова животно изумрело пред околу 10.000 години, веројатно затоа што било плен на античките луѓе.

3. Не би поминале очен тест

Мрзливците не се толку познати по своите остри сетила, а ова е особено точно за нивниот вид. Женката од тропрстниот мрзливец не може да го препознае своето младенче на растојание од еден и пол метри, а забележано е дека и мажјаците се мачат од слична дистанца. Научниците велат дека за тоа е виновна генетска мутација. Тропрстните мрзливци се раѓаат без конусни клетки во очите, кои им се потребни за да ги откријат боите. Како резултат на тоа, тие гледаат црно-бело и во послаба резолуција.

4. Се исклучително добри пливачи

Мрзливците се неверојатно бавни на копно. Нозете им се слаби, па мора да ги користат рацете и силата на горниот дел од телото за да се повлечат напред. Сепак, тие можат да се движат трипати побрзо во вода. Долгите раце ги прават вешти пливачи и можат да го задржат здивот под вода и до 40 минути. Ако има воден поток во близина, мрзливците можат да скокнат и да ја искористат водата како кратенка за брзо движење низ шумата.

5. Нивната „мрзеливост“ е тактика за преживување

Мрзливците се движат со брзина од два, два и пол метри во минута. Вистина е дека тропрстните мрзливци се најбавните животни на планетава. Кога животните за првпат биле документирани во научни текстови од 18 век, тие биле остро опишани како „најниската форма на постоење“. Но, поради нивната бавност тие не изумреле. Мрзливците главно зависат од лисја, а на нивниот стомак, составен од четири дела, понекогаш му треба еден месец за да свари еден оброк. Листовите не се доволно хранливи, така што мрзливците треба да заштедат што е можно повеќе енергија - што значи помалку движење. И уште нешто, нивното бавно движење им помага да останат незабележани од предаторите кои се потпираат на видот при ловењето.

6. На нивното крзно често растат алги

Мрзливците и алгите зависат едни од други. Истражувањата покажаа дека понекогаш алгите се пренесуваат од мајката на нејзиното бебе, а преносот е заемно важен и за животните и за растенијата. Долгото крзно на мрзливците кое лесно ја апсорбира водата го прави пријатен дом за алгите, додека од друга страна мрзливците добиваат зеленикаво крзно што им помага да се камуфлираат. Исто така, мрзливците јадат алги, што им го обезбедува потребниот извор на хранливи материи.

7. Тропрстните мрзливци можат да ја завртат главата за 270 степени

Оваа способност ги става тропрстните мрзливци во иста категорија како и многу бувови. Оваа способност може да ѝ се припише на коскената структура. Мрзливците имаат дополнителен пршлен во основата на вратот што им овозможува лесно да гледаат во сите правци. Иако овие животни не се одлични во одбраната, барем можат да видат кога им се приближува опасноста.

8. За така беспомошно суштество, живеат многу долго

Во просек, мрзливците живеат околу 20 години, додека некои видови живеат подолго во заробеништво. Најстариот мрзливец во светот - женка двопрстна мрзливка по име Мис Си - почина минатата година на 43-годишна возраст. Целиот живот го помина во зоолошката градина во Аделаида во Австралија.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Вести

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Read more

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Read more

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Read more

Минатото лето беше најжешкото во последните 2.000 години

Read more
 

Гик

  • play_arrow

ChatGPT доби надградба на која само небото ѝ е граница

Читај повеќе

Canon потврди: Доаѓа моќниот EOS R1

Читај повеќе

Приватен простор и подобaр мултитаскинг: Пристигна Android 15 Beta 2, еве што сѐ носи

Читај повеќе

Никола Тодороски: „Наша гордост. Наша одговорност“ ми отвори нова перспектива колку може позитивно да се влијае

Читај повеќе

Микробите и нивното изненадувачко влијание врз нашето социјално однесување

Читај повеќе
  • play_arrow

Уредите на Apple наскоро ќе може да се контролираат со очи

Читај повеќе

Игрицата EA FC ја губи лиценцата за Интер во следното издание

Читај повеќе

Австралија целосно ги гаси 3G мрежите

Читај повеќе

Јапонците ќе го градат првиот брод на пелети

Читај повеќе