КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Пандев: Мора да веруваме дека може да изненадиме

Македонскиот капитен многу добро знае кој е голем фаворит вечерва, но фудбалот е игра во која изненадувања секојдневно се случуваат.

Ако можеа Грција и Украина да одиграат 1:1 на гости кај колосите Шпанија и Франција пред недела дена, зошто да не можеме и ние да останеме непоразени во Германија?

Горан Пандев играл против германски екипи, но вечерва и тој како и македонската репрезентација за прв пат ќе се соочи со четирикраткиот светски шампион Германија.

„За нас е чест што ќе играме против голем противник. Ние сме подготвени да го дадеме максимумот, иако ова ќе ни биде трет натпревар за седум дена“, почна Пандев на официјалната прес-конференција.

„Германците знаат против кого играат, знаат со каков квалитет располагаме и сигурно одлично ја анализирале нашата игра. Но, ние сме сосема различна репрезентација од пред пет или шест години, сега сме далеку посилни, сега сме учесници на ЕУРО и сметам дека и противникот ќе биде претпазлив“, смета тој.

Нема дилема кој е фаворит, но фаворитската улога треба и да се одбработи на терен, а за резултатот се прашува и противникот. Токму тука е нашата шанса.

„Тие се фаворити, тоа е јасно, но мораме да веруваме во себе и да веруваме дека може да ги изненадиме“, заврши Пандев.

Натпреварот е вечерва од 20:45 часот на „Шауинсланд-Рајзен-Арена“ стадионот во Дујсбург, а пренос ќе врши SportKlub 3.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе