Пенелопе Круз и Антонио Бандерас повторно заедно во трејлерот за „Dolor Y Gloria“
Познатиот шпански режисер Педро Алмодовар по три години ќе претстави нов филм, во кој повторно ги спои Пенелопе Круз и Антонио Бандерас. Се работи за филмот „Dolor Y Gloria“ („Болка и слава“), чиј трејлер беше објавен неодамна.
Sony Pictures соопшти дека премиерата ќе се одржи на 22 март во Шпанија, а засега останува непознато кога филмот ќе почне да се дистрибуира низ светот.
Во „Dolor Y Gloria“, Антонио Бандерас се наоѓа во улогата на пропаднат режисер кој ги преиспитува неговите животни одлуки додека светот околу него се руши. Филмот е опишан како низа на средби од кои некои се вистински, а некои измислени.