Пит и Дикаприо во првиот трејлер за „Once Upon a Time in Hollywood“
Во март добивме тизер, а сега имаме и целосен трејлер за еден од најочекуваните филмови годинава – „Once Upon a Time in Hollywood“ на режисерот Квентин Тарантино. Во трејлерот можете да ги видите Бред Пит и Леонардо Дикаприо во улогите на двајца актери кои упорно си ја бараат среќата во Холивуд.
Ако не приказната, тогаш импресивната актерска екипа со сигурност ќе ве натера да го погледнете „Once Upon a Time in Hollywood“. Покрај Пит и Дикаприо, во филмот се појавува заносно убавата Марго Роби, потоа Курт Расел, Ал Пачино и многу други.
Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ е закажана за 26 јули.