Подгответе се за промени, денешниот палиндром датум има силна симболика

Ако ја погледнеме 2022 година нумеролошки, таа се заснова на три двојки. Бројот 2 симболизира хармонија, љубов, интуиција, набљудувања и односи. Ако ги погледнеме поединечните датуми, само во текот на февруари веќе имавме два магични дена (02.02.2022 и 20.02.2022) и сега третиот - 22.02.2022.

Обидете се да се сетите на 2 февруари овој месец. И тој ден беше полн со енергијата на „двојката“. Обидете се да се сетите на сознанијата во вашите врски или партнерства што се појавија тогаш. Сега можеме да кажеме дека универзумот се удвојува на таа вибрација.

Во случајот со 22 февруари имаме дури 6 пара, што според нумеролозите ја отсликува нашата човечка потреба за соработка и блискост. На тој ден треба да анализирате како комуницирате со вашите најблиски. Бидете искрени, отворете го срцето, покажете ги емоциите.

Денот е добар за сите активности кои ја зајакнуваат љубовта кон партнерот. Ако можете да се вклучите во активности кои се продуктивни за вашата врска, енергиите на Венера кои владеат оваа година ќе станат уште поизразени и ќе ви дадат дополнително чувство на надеж и ќе ви отворат нови можности.

Овој ден може да ја покаже нашата длабоко вкоренета желба за рамнотежа и хармонија со другите. Многу е веројатно дека денес ќе имаме поголема емпатија, но и чувствителност. Можеби ќе почувствуваме потреба да направиме одредени промени во врската, да излеземе од рутината во која сме западнале.

Таа позитивна промена може да биде извинување за нешто што сме го направиле или сме се однесувале, планирање излет, патување... Сè што ќе ве задоволи вас и вашиот партнер.

Ако сте слободни, поминете го денот грижејќи се за себе - правете нешто во што уживате, било да е тоа јога, медитација, пешачење, одење на масажа, третман на лице... Сакајте се, бидете присутни, уживајте во вашето друштво. Само тогаш ќе бидете подготвени да запознаете некој друг.

22 февруари може да биде одличен ден за првиот состанок. Може да откриете дека денес особено ве привлекува потенцијалниот партнер.

Бројот 22 е поврзан и со изградба на нешто поголемо од нас самите, но под услов да работиме во тим, заедно со другите, бидејќи тогаш можеме многу повеќе. Почнува деловната енергија, добиваме нови идеи и решенија. Тоа е затоа што бројот 2 не претставува само интимни врски меѓу луѓето, туку и врски на соработка, размена на енергија, заедничка акција, што може да доведе до иновации.

Ако го разложиме датумот 22.02.2022 година, на нумеролошки начин, со собирање и намалување на сè на една цифра, тој би бил бројот 3 (2 + 2 + 0 + 2 + 2 + 0 + 2 + 2 = 12; 1 + 2 = 3). Бројот 3 е поврзан со Јупитер и неговата експанзивна енергија.

Освен горенаведеното, ако го погледнеме датумот напишан вака, 22.02.2022 година ќе забележите дека може да се прочита и однопаку, односно се работи за палиндром. Има само неколку такви датуми во милениумот, што исто така претставува одредена симболика.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Живот

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Read more

Што после средно?

Read more
 

Магазин

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе

Што после средно?

Читај повеќе

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Читај повеќе

Победникот на Евровизија ја повика Швајцарија да воведе трет пол во официјалните документи

Читај повеќе