Поплаки од иранскиот селектор: Правилата не важат за Роналдо и за Меси

Селекторот на иранската репрезентација излезе со остри критики на сметка на ФИФА и користењето на ВАР системот, по болното реми со Португалија. На неговиот тим многу малку му требаше да победи и да го елиминира европскиот првак во групата од Светското првенство во Русија.

Карлос Кеирош смета дека неговиот сонародик Кристијано Роналдо требаше да биде исклучен по ударот со лакт на десетина минути пред крајот на натпреварот.

„Реално е да ја прекинеш играта, да го погледнеш ВАР системот и да го видиш тој лакт. Удирањето со лакт е казниво со црвен картон според правилата. Сепак, тоа не важи кога се работи за Меси или Роналдо. Овде не станува збор за судиите, туку за став, храброст и карактер. Одлуките мора да бидат јасни за сите, (Џани) инфантино и ВАР системот не одат во во правилна насока“, смета Португалецот на клупата на Иран кој дополнително беше изнервиран што судијата Енрике Касерес од Парагвај ја прегледа снимката и наместо црвен, му покажа жолт картон.

Иран после ова реми го заврши натпреварувањето на Мундијалот во Русија бидејќи остана со бод помалку од Шпанија и од Португалија.

Во осмина финалето Шпанија ќе игра со домаќинот Русија, а Португалија ќе се соочи со Уругвај.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Read more

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Read more

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Read more

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Read more
 

Спорт

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе

Хулен Лопетеги ќе биде тренер на Вест Хем

Читај повеќе

Разбојници пукале врз тројца фудбалери на Марсеј

Читај повеќе

Куп финалето в среда на Арената: Тиквеш и Воска по историја

Читај повеќе

Работа од соништата: Гледа натпревари, освојува трофеи и заработува милиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Читај повеќе

Вардар последната битка за опстанок ќе ја бие во Струмица

Читај повеќе

Познати бараж двојките за пополнување на втората лига

Читај повеќе

Четворица фудбалери на Сити нема да добијат медали за освојување на лигата

Читај повеќе