КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Португалците внимателни пред финалето со македонските фудбалери: Добри се

Респект и внимателност преовладуваат во изјавите на португалските фудбалери, кои по вчерашниот триумф над Турција (3:1) пред 48.000 гледачи на стадионот „Драгао“ во Порто, во вторник на истото место ја пречекуваат македонската репрезентација во рамки на финалниот бараж за пласман на Мундијалот во Катар.

– Ваквите натпревари се финале, а финалето секогаш е комплицирано. Го победивме првото (финале), а сега треба да го победиме второто. Овој натпревар (против Турција) е завршен и сега нашиот фокус е кон Македонија, што несомнено ќе биде многу тежок дуел. Самото тоа што тие ја победија Италија значи дека ќе ни биде многу тешко, изјави португалскиот селектор Фернанду Сантуш за националната телевизија RTP.

Столбот на португалската одбрана Данилу истакна оти не е изненаден од пласманот на македонските фудбалери во финалето.

– Не сме изненадени од тоа што го направи Македонија. Тие имаа одлични мундијалски квалификации. Тие се многу добро организиран и борбен тим. Нивната победа (над Италија) не беше изненадување, изјави Данилу за истиот извор.

Комплименти за квалитетот на македонската репрезентација пред дуелот на „Драгао“ во вторник од 20:45 часот изнесе и португалскиот играч од средниот ред Матеуш Нунеш.

– Сега треба малку да се одмориме и да се подготвуваме за натпреварот против Македонија. Тие го заслужуваат целиот наш респект. За да ја победиш Италија мора да поседуваш квалитет и не смееме да си дозволиме да помислиме дека ќе ни биде лесно, порача фудбалерот на Спортинг.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Фудбал

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Read more

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Read more

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Read more
 

Спорт

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе

Роналдо далеку пред конкуренцијата, најмногу заработил во последните 12 месеци

Читај повеќе

Генијален план стои зад одлуката на Валверде да го замени голманот во 61. минута

Читај повеќе
  • play_arrow

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Читај повеќе