Последен трејлер за „Mamma Mia! Here We Go Again“
Новиот и последен трејлер за „Mamma Mia! Here We Go Again“ повторно нѐ враќа во семејството на Дона (Мерил Стрип) и Софи (Аманда Сејфрид), која сега е бремена и пробува да разбере како нејзината мајка се справила со мајчинството.
Но, тука се појавува и новото изненадување - Руби (Шер), која е мајката на Дона (иако во вистинскиот живот Шер е само три години постара од Мерил Стрип). Новото продолжение ветува исто толку забава како оригиналниот „Mamma Mia!“, но и една трагична ситуација.