Преседан на ФИФА: Вонредни трансфери за странските играчи од руски и украински клубови

Интернационалците кои настапуваат во клубовите во Русија и Украина добија дозвола од ФИФА да направат трансфери вон преоден рок за тековнава 2021/22 сезона.

Украинското дерби Динамо - Шахтар

Светската куќа на фудбалсот објави дека ќе ги замрзне сите договори на странските фудбалери со клубови од Русија и Украина. Руската воена интервенција на украинска територија резултираше со стотици фудбалери кои сега се бегалци, а украинската лига е прекината на неодредено време.

За разлика од неа, руската лига се игра најнормално, но и покрај тоа ФИФА одлучи со оваа одлука да им отвори шанса на сите странци во Русија да можат да си заминат, доколку сакаат.

„Со оглед на ескалацијата на руската инвазија над Украина, која донесе вознемирувачка химанитарна криза, Бирото на Советот на ФИФА одлучи - во координација со УЕФА и по консултации со разни страни - привремено да биде прекршено Правилото за статус и трансфер на играчи (RSTP) со цел да овозможи правна сигурност и јасност за бројни работи“, објави ФИФА на својата официјална веб-страница.

„Во врска со ситуацијата во Украина, со цел да им се овозможи на играчите и тренерите да работат и да добиваат плата, како и да се заштитат украинските клубови, доколку засегнатите страни обврзани со договор не се договорат поинаку, сите договори за вработување на странските играчи и тренери во клубови под капата на Украинската фудбалска асоцијација (УАФ) ќе бидат автоматски замрзнати до крајот на сезоната во Украина (30 јуни 2022) без засегнатите страни да треба да преземат никакви постапки“, се додава во соопштението.

Слични мерки ФИФА објави и за Русија.

URL

Ова значи дека македонскиот репрезентативен централен бек Ѓоко Зајков, кој во јануарскиот преоден рок направи трансфер во Ворскла од Полтава, ќе може да се префрли во друг клуб за да не му пропадне сезоната. Тој уште во првите денови од руската интервенција успеа да замине од Украина префрлајќи се во Унгарија. Зајков е и стандарден член на македонската репрезентација, па останува да видиме дали ќе биде вклучен во списокот кој селекторот Благоја Милевски треба наредната недела да го објави за претстојниот бараж против Италија за пласман на Мундијалот во Катар.

Зајков не дочека да одигра натпревар за својот нов клуб бидејќи само што требаше да почне украинското првенство Русите извршија инвазија.

Украинските великани Динамо и Шахтар изобилуваат со странски фудбалери, особено Бразилци, кои се интересни за клубовите од посилните европски лиги, па несомнено дека некои клубови ќе профитираат од оваа одлука на ФИФА.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе