Претставен OnePlus Ace 3, на меѓународниот пазар пристигнува под ознаката 12R

OnePlus го претстави својот прв уред во 2024 година, со нетрпение очекуваниот паметен телефон OnePlus Ace 3.

Станува збор за уред претставен во Кина, кој пристигна како директен наследник на минатогодишниот модел Ace 2 и носи одредени подобрувања во спецификациите и до 1 TB внатрешна меморија. Овој модел ќе се појави и на меѓународните пазари, но под името OnePlus 12R.

Ace 3 има 6,7-инчен LTPO AMOLED екран со резолуција од 1.240 x 2.772 пиксели со адаптивна стапка на освежување од 1 - 120 Hz. Панелот е произведен од компанијата BOE, неговата осветленост е 1.600 нита во автоматски режим, а максималната осветленост е до 4.500 нита. Заштитен е со Corning Gorilla Glass Victus 2 стакло, а во исечокот има селфи камера од 16 MP.

OnePlus го пренесе својот дизајнерски јазик кој дебитираше со доаѓањето на OnePlus 11 со алуминиумска рамка и стаклен заден панел и кружен модул за камера што се вклопува во страничната рамка. Ace 3 го доби и познатиот лизгач за известувања.

На задната страна се наоѓа главната камера Sony IMX890 од 50 MP со оптичка стабилизација на сликата, а има и ултра широка камера од 8 MP и макро камера од 2 MP. Уредот се напојува со процесорот Snapdragon 8 Gen 2 на Qualcomm, кој е поврзан со 12 или 16 GB LPDDR5X RAM и до 1 TB внатрешна меморија UFS 4.0.

Што се однесува до софтверот, смартфонот користи ColorOS 14 базиран на Android 14, а се напојува од батерија од 5.500 mAh која поддржува брзо полнење од 100W SuperVOOC, што овозможува полнење од 0% до 100% за само 27 минути.

OnePlus Ace 3 доаѓа во црна, сина и златна боја.

Цените во Кина се движат од 365 долари за конфигурација од 12/256 GB до 493 долари за верзијата со 16 GB RAM и 1 TB внатрешна меморија.

Продажбата во Кина ќе започне на 15 јануари, додека на меѓународните пазари ќе пристигне како OnePlus 12R на 23 јануари.

Тагови
реклама

Летување во Југославија: Сиромашни, ама среќни

Read more

Колапс на системот ширум светот: Погодени банки, медиуми и компании, приземјени авиони

Read more

Фармацевт објасни кои лекови никогаш не треба да се земаат заедно

Read more

Чистка во Грција: Панично се собираат чадори и маси од плажите

Read more

Мобилни

Google со тизер го најави смартфонот Pixel 9 Pro Fold

Read more

Смартфонот OnePlus Nord 4 пристигна со метално куќиште и уникатен дизајн

Read more

6 совети како да му помогнете на вашиот телефон да го преживее летово

Read more

Што не треба да правите додека се полни телефонот?

Read more
 

Гик

Дали Помпеја била погодена од земјотрес во исто време со вулканската ерупција?

Читај повеќе

Се огласи Microsoft: Како да се поправи дефектот што го зафати целиот свет?

Читај повеќе

Google со тизер го најави смартфонот Pixel 9 Pro Fold

Читај повеќе

Колапс на системот ширум светот: Погодени банки, медиуми и компании, приземјени авиони

Читај повеќе
  • filter

Древна палата во која некогаш живееле папи ископана во центарот на Рим

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Паралелни универзуми - 5 докази за нивното постоење

Читај повеќе

Nintendo конечно ги израдува фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Што значат кратенките како QR, GPS, PDF, URL?

Читај повеќе

Дали новиот Android 15 ги претвора смартфоните во десктоп компјутери?

Читај повеќе