Презентиран 90 GT, флагшип убиецот на Honor

Honor официјално го претстави својот нов смартфон наречен Honor 90 GT, за кој тврди дека е „флагшип убиец“.

Станува збор за мобилен телефон кој се напојува со минатогодишниот флагшип процесор Snapdragon 8 Gen 2 и е поврзан со до 24 GB RAM меморија.

Уредот доби 6,7-инчен AMOLED екран со резолуција од 1.200 x 2.664 пиксели, брзина на освежување од 120 Hz и 3.840 HT PWM затемнување. Сензорот за отпечатоци е интегриран во екранот, додека селфи камерата од 16 MP е поставена во исечокот.

На задната страна, има главна камера од 50 MP со сензор Sony IMX906 и оптичка стабилизација на сликата, а исто така има и ултра широка камера од 12 MP.

„Ѕвездата на шоуто“ е гореспоменатиот процесор Qualcomm Snapdragon 8 Gen 2, кој може да се спои со до 24 GB RAM, што е најмногу за еден Honor паметен телефон.

Основниот модел доаѓа со 12 GB RAM, додека „средниот“ има 16 GB RAM. Што се однесува до внатрешната меморија, достапни се верзии со 256 и 512 GB и 1 TB.

Honor 90 GT работи со MagicOS 7.2 базиран на Android 14 и се напојува од батерија од 5.000 mAh со поддршка за брзо полнење од 100 W.

Смартфонот е достапен во црна, сина и златна боја. Цената започнува од 365 долари за конфигурацијата од 12/256 GB и се зголемува до максимум 24 GB и 1 TB внатрешна меморија по цена од 520 долари.

Продажбата во Кина започнува на 26 декември.

Тагови
реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Мобилни

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Read more

Boring Phone е антисмартфон создаден во соработка помеѓу Heineken и Bodega

Read more

Samsung повторно е најголем производител на смартфони во светот

Read more

Apple ќе овозможи поправка на iPhone со користење на користени делови

Read more
 

Гик

Откриени спецификациите на смартфонот Sony Xperia 1 VI

Читај повеќе

Првпат досега орангутан забележан како си лекува рана со билки

Читај повеќе

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Читај повеќе
  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе