Мобилни

Пристигна Galaxy A7 - првиот смартфон на Samsung со тројна задна камера

21. септември 2018 - 12:02 | К.З.

Јужнокорејската компанија Samsung го претстави новиот уред – Galaxy A7, чија главна карактеристика е моќната задна тројна камера со ултраширок објектив. Телефонот ќе биде достапен на пазарот набрзо.

Камерата на Samsung Galaxy A7 има ултраширок објектив од 8MP, со агол од 120 степени. Покрај камерата од 24MP и објективот за длабочина, функцијата Live Focus овозможува контрола на длабочината на видното поле со нагодување на bokeh ефектот.

Со помош на интелигентната функција за оптимизација наречена Scene Optimizer, Samsung Galaxy A7 го категоризира предметот на фотографијата а потоа прави нагодувања на бојата, контрастот и осветленоста, моментално оптимизирајќи го квалитетот на сликата.

Galaxy A7 има предна камера од 24MP и LED блиц кој може да се нагодува. Со функцијата Selfie Focus можно е да се фотографира селфи со bokeh ефектот, имитирајќи го осветлувањето во професионално фото-студио со помош на програмскиот мод Pro Lighting Mode.

Уредот ќе биде достапен во комбинации од 4GB/6GB RAM и 65GB/128GB внатрешна меморија, а и двата ќе користат octa-core процесор со работен такт од 2,2GHz. Внатрешната меморија може да се прошири со microSD картичка до 512GB. Samsung Galaxy A7 е опремен со бесконечен Super AMOLED екран со дијагонала од 6 инчи.

Новиот уред ќе биде достапен во сина, црна и златна боја. Galaxy A7 пристигнува на продажба на почетокот на октомври, а неговата цена се очекува да биде околу 21.000 денари.

Коментирај