Пристигна: Новиот Volkswagen Tiguan има што да покаже

Volkswagen ја претстави третата генерација на својот бестселер СУВ.

Денес, Tiguan е еден од најуспешните модели на Volkswagen во светот. Од 2007 година и дебито на овој модел, повеќе од 7,6 милиони клиенти го избраа овој компактен СУВ.

Технолошките иновации постигнати благодарение на механичката платформа MQB evo значително го подобруваат Tiguan во речиси секој аспект, вели Volkswagen. Новите хибридни погони со целосно електричен досег од околу 100 km го прават овој СУВ поефикасен од порано.

Дополнително, полнењето со наизменична струја (AC) ќе биде побрзо кај сите верзии на eHybrid, а брзото полнење со директна струја (DC) за прв пат се воведува стандардно.

Дизајнот на целосно дигиталниот кокпит е базиран на MIB4, четвртата генерација модуларна платформа за инфозабава, обезбедува максимално ниво на информации и носи бројни дигитални услуги и апликации во возилото.

Контролниот концепт е конзистентен и дизајниран да биде интуитивен. Дополнително, новите системи како што е функцијата за пневматска масажа на предните седишта или матричните фарови на IQ.LIGHT HD, кои за прв пат се користат во Tiguan, доаѓаат од СУВ моделот Touareg.

Новиот DCC Pro адаптивен систем за контрола на суспензијата ги максимизира удобноста и динамиката при возење. Дополнително, најновата генерација на системот за помош при паркирање (Park Assist) го автоматизира возењето наназад и нанапред при паркирање.

Компактниот СУВ е целосно редизајниран. Посебно впечатлив и карактеристичен е предниот дел на возилото, кој својот динамичен изглед го должи на многу плитки LED фарови и стакло со хоризонтална LED лента.

Решетката на радијаторот сега се протега на страните на браникот, каде што отворите за вентилација обезбедуваат оптимален проток на воздух.

Предниот дел има чист дизајн и го истакнува фактот дека коефициентот на отпор сега е дополнително намален од 0,33 на 0,28. Силуетата се карактеризира со продолжени браници (комбинирани со тркала до 20 инчи).

Посебен изглед на задниот дел на Tiguan му дава и новата хоризонтална LED лента.

Внатрешноста на Tiguan носи сосема нов концепт и дизајн. Акцентот е ставен на материјалите и изработката според највисоките стандарди.

Покрај тоа, новиот кокпит е интуитивен за употреба и има чисти линии. Модулите вклучуваат нов дигитален кокпит (дигитални инструменти во формат на таблети со облога против рефлексија), инфозабавен екран со дијагонала до 38 сантиметри (15 инчи) со целосно нова структура на менито и графика, нов head-up дисплеј (проектирање податоци на шофершајбната) и нов мултифункционален прекинувач Driving Experience со интегриран OLED екран.

Овој нов ротационен контролер на централната конзола помеѓу предните седишта има свој екран преку кој можете да ги контролирате профилите за возење, јачината на звукот или боите на амбиенталното осветлување.

Дополнително, бројните функции на возилото и поставките на системот за инфозабава сега може лесно да се прилагодат на вашиот мајчин јазик благодарение на новиот систем за гласовна помош IDA.

Благодарение на платформата MQB evo, различни погонски единици се достапни за Tiguan. На пример, ќе бидат достапни турбо дизел мотори (TDI), турбо бензински мотори (TSI), „благи“ хибридни турбо бензински мотори (eTSI) и plug-in хибридни системи (eHybrid), кои во иднина ќе се нудат само во комбинација со автоматизираниот менувач DSG.

Постојат две plug-in хибридни опции со вкупна моќност од 204 „коњи“ (150 kW) и 272 КС (200 kW). Тие користат батерија со капацитет од 19,7 kWh која обезбедува чисто електричен режим на возење до 100 км.

Покрај нив, клиентите можат да сметаат и на два „благи“ хибриди со 1,5 турбо бензински мотор со 4 цилиндри и електричен систем од 48 волти. Технологијата за деактивирање на цилиндрите овозможува „крстарење“ возење со само 2 цилиндри во работа.

Третата генерација на Tiguan нуди и турбодизел опции. Станува збор за 4-цилиндричен 2.0 агрегат во верзии со 204 КС (150 kW) и 265 КС (195 kW).

Како и кај моделот Volkswagen ID и новиот Passat, позицијата на менувачот во иднина ќе се менува преку прекинувач на десната страна на воланот со интуитивен принцип на работа.

Прекинувачот се поместува напред во „D“ за возење и назад до „R“ за рикверц, додека рачната сопирачка се вклучува со притискање на страната на прекинувачот. Сите модели на Tiguan дополнително имаат контроли зад воланот.

Новиот Tiguan сега е приближно три сантиметри подолг. Висината, ширината и меѓуоскиното растојание остануваат практично идентични со претходниот модел.

Капацитетот на багажникот на новата генерација покажува колку добро се користи просторот: иако теренецот е само малку подолг, капацитетот на багажникот е зголемен за 37 литри на 652 литри (кога е натоварен до висината на потпирачите за грб на задните седишта).

Новиот модел ќе пристигне во продажните салони во 2024 година, до кога ќе се знае и цената.

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Авто новости

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Read more

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Read more
 

Автомобили

  • filter

Почна производството на електричниот Porsche Macan, целта е 20.000 примероци за една година

Читај повеќе
  • play_arrow

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Читај повеќе
  • filter

Renault Rafale E-Tech 4×4 развива 300 КС

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Како Кинезите им удрија шамар на Американците?

Читај повеќе
  • play_arrow

„Мистериозниот“ Golf GTI ќе дебитира на Нирбургринг

Читај повеќе

Како да препознаете дека акумулаторот слабее?

Читај повеќе

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Читај повеќе

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Читај повеќе
  • play_arrow

Tesla ги чува непродадените возила на паркинг во трговски центар

Читај повеќе