Прв трејлер за комичната драма „Stockholm“
Го добивме првиот трејлер за комичната крими-драма „Stockholm“, која ни ја носи приказната за озлогласената заложничка криза од 1973 година во шведската престолнина. Во филмот се појавуваат Итан Хок, Нуми Рапејс и Марк Стронг.
„Stockholm“ го следи Ларс Нистром (Итан Хок), кој се решава за напад на централната банка во Стокхолм. Тој заробува заложници за да го извади од затвор неговиот пријател Гунар (Марк Стронг), а помеѓу заложниците е Бјанка (Нуми Рапејс), која е сопруга и мајка на две деца.