Прв трејлер за „Once Upon a Time in Hollywood“ – новиот филм на Квентин Тарантино
Деветтиот филм на режисерот Квентин Тарантино ја раскажува приказната за ТВ ѕвездата Рик Далтон (Леонардо Дикаприо) и неговиот каскадер Клиф Бут (Бред Пит), кои се обидуваат да ја одржат релевантноста во критичниот период на Холивуд во крајот на 60-тите.
„Once Upon a Time in Hollywood“ има фантастична актерска екипа што ќе ви ги пренесе последните денови од „златното доба“ на Холивуд. Покрај Пит и Дикаприо, во филмот се појавуваат уште Марго Роби, Ал Пачино, Тим Рот, Дакота Фенинг, Курт Расел, покојниот Лук Пери и многу други.
Премиерата на „Once Upon a Time in Hollywood“ е закажана за јули оваа година.