Прв трејлер за „Wu-Tang: An American Saga“
Hulu го објави првиот трејлер за претстојната минисерија за легендарната хип-хоп група Ву-Танг Клан, насловена „Wu-Tang: An American Saga“. Кратиот спот не се фокусира премногу на деталите околу приказната, туку повеќе време посветува на запознавање со ликовите, односно членовите на групата.
Ѕвездата на филмот „Moonlight“, Ештон Сандерс се појавува во улогата на движечката креативна сила во групата, РЗА, а покрај него тука се уште Шамик Мур (Рејквон), Џои Бедес (Инспекта Дек) и Дејв Ист (Метод Мен).
Премиерата на „Wu-Tang: An American Saga“ е закажана за 4 септември на Hulu.