Путин повторно разговараше со Макрон: Целите на Русија ќе бидат остварени

Рускиот претседател Владимир Путин одржа уште еден од серијата разговори со францускиот претседател Емануел Макрон, со кого разговараше за војната во Украина, но и за крајните цели на Русија во оваа земја.

Според соопштението од Кремљ, Путин за време на разговорот гo коментирал последното обраќање на Макрон кон Украинците и изјавил дека не се согласува со многу од тезите изнесени во неговиот говор.

„Ова особено се однесува на изјавата на Емануел Макрон, кој изјавите дека Русија се бори против нацизмот во Украина ги нарече лага. Во таа насока, му беа дадени детални објаснувања за важната улога на неонацистите во државната политика на Киев“, објави Кремљ.

Нарекувајќи ја војната во Украина „специјална операција за заштита на Донбас“, Кремљ соопшти дека Русија има намера да продолжи да се бори со националистичките вооружени групи во Украина.

„Имаме намера да ја продолжиме бескомпромисната борба против милитантите на националистичките вооружени групи кои вршат воени злосторства, вклучително и поставување воена опрема во станбените населби и користење на цивили како жив штит“, соопшти Москва.

Претседателот на Руската Федерација ги повтори своите ставови за ситуацијата во Донбас и рече дека со години се прикрива геноцидот врз цивилите во оваа област, што доведе до бројни жртви и принуди стотици илјади луѓе да бараат азил во Русија.

„Путин повторно детално ги изложи основните пристапи и услови во контекст на преговорите со претставниците на Киев и потврди дека пред сѐ се работи за демилитаризација и неутрален статус на Украина. Беше истакнато дека времето само ќе доведе до дополнителни барања од Киев во нашата преговарачка позиција“, соопшти Кремљ.

Новиот разговор меѓу Макрон и Путин беше и трет од почетокот на војната во Украина. Исто така, лидерите на Русија и Франција интензивно разговарале и пред почетокот на руската инвазија на Украина, а темите на кои разговарале биле руските безбедносни барања и европската безбедносна политика.

реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Свет

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Read more

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Read more

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Read more

Франција го поддржува повикот за налог за апсење на Нетанјаху

Read more
 

Вести

Врани напаѓаат луѓе во Србија

Читај повеќе

Санкциите против Русија најмногу се заобиколуваат преку Кина, ОАЕ и Турција

Читај повеќе

Силни турбуленции на летот Лондон-Сингапур: Еден загинат, над 30 повредени

Читај повеќе

ЕУ го одобри првиот закон во светот за вештачка интелигенција

Читај повеќе

Комисија за заштита од дискриминација: 100% повеќе претставки, а буџетот ограничен

Читај повеќе

Сајкоски: До 28 мај очекуваме да се формира Собранието, а до средина на јуни нова влада

Читај повеќе

Иљази им забрани на докторите од Токсикологија да даваат изјави за медиумите

Читај повеќе

Светски познатата феминистка и теоретичарка Сара Ахмед ќе гостува на Викендот на гордоста – Скопје 2024

Читај повеќе

Тело на непознат маж извлечено од Вардар во центарот на Скопје

Читај повеќе