Радуловиќ ја обвини управата на МЗТ за неодамнешниот неуспех

Откако синоќа МЗТ објави дека спогодбено е раскинат договорот со тренерот Дарко Радуловиќ, со свое образложение се јави и довчерашниот предводник на „Штрковите“.

Фото: КФСМ

Клубот наведе дека „главна причина за ваквата одлука на управата е неосвојувањето на трофејот во Купот Благоја Георгиевски - Буштур“. МЗТ во неделата претрпе изненадувачки пораз од ТФТ и го загуби пехарот.

Дарко Радуловиќ синоќа преку соопштение даде свое видување за прекинот на соработката со МЗТ:

„Со МЗТ како главен тренер сум од март 2021 година при што од тој момент во сите натпреварувања во рамките на македонското првенство, Купот и Суперкупот и на регионалната АБА2 лига имаме резултат 44 победи и 13 порази, односно освоени Куп и првенство во сезоната 2020/21 и освоен Суперкуп пред почеток на сезоната 2021/22. Вклучувајќи го Купот оваа сезона, со МЗТ стигнавме до 4 финалиња од кои во 3 го кренавме победничкиот пехар. Со сите играчи и стручниот штаб се вложивме максимално, неуморно и создадовме неверојатна тимска хемија заснована на меѓусебна доверба и почит, како меѓу самите играчи така и во односот играч-тренер во кој сепак се почитуваше хиерархиската поставеност“.

„Поради неисплатените обврски кон играчите со доаѓањето на новата управа на почетокот на оваа година, се создаде недоверба кај играчите и тоа резултираше со заминување на Дастин Вер и покрај нашиот добар однос и меѓусебната доверба. Ова претставуваше сериозен удар за круцијалната позиција во тимот (плејмејкер) или 'генералот на теренот', по што бевме ставени во незавидна ситуација да бараме играч на пазарот за неверојатно краток период (2-3 дена) и тоа во делот од сезоната кога квалитетните играчи се врзани со договори, а сето ова непосредно пред вториот балон на АБА2 лигата и Куп натпреварувањето. И покрај тоа, продолживме со успешни настапи и победи во двете натпреварувања, но отсуството на Вер беше повеќе од очигледно, а тоа дополнително влијаеше и на целата екипа. Но, оваа екипа се борела максимално и секогаш целела кон врвот на остварување на највисок пласман во сите натпреварувања за што говорат и резултатите на табелата, и покрај неверојатно густиот распоред на натпревари кој ни беше наметнат во досегашниот тек на сезоната. А данокот за тоа го плативме со поразот во Купот, меѓу другите објективни фактори“.

„И на крајот, би сакал да им посакам успех на играчите кои лично ги селектирав и во кои имам целосна доверба – тоа се врвни професионалци и одлични момци кои несебично се вложија да ја испишеме успешната спортска приказна на МЗТ Скопје Аеродром во последниве две сезони и со кои преку победите добивавме на резултат а со попатните порази добивавме на карактер“, завршува Радуловиќ во своето обраќање.

Тагови
реклама

Кинески научници создадоа нов смртоносен вирус

Read more

2 хороскопски знаци ги очекува лето со многу среќа и пари

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

Атентаторот на Фицо: Пукав зошто не се согласувам со политиката на владата

Read more

Кошарка

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Read more

Пиров трипл-дабл на Дончиќ оти киксна кога најмногу беше потребен - Оклахома израмни на 2-2

Read more

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more
 

Спорт

Жирона мора да реши еден проблем доколку сака да игра во Лигата на шампиони

Читај повеќе
  • play_arrow

Со гол од корнер во 90+ Љуботен го освои женскиот куп против Саса

Читај повеќе
  • play_arrow

Синот на Леброн им се претстави на НБА тимовите: Лажел дека е 9 см повисок

Читај повеќе

Еден од клучните играчи го напушта Баер Леверкузен

Читај повеќе
  • play_arrow

Првото Светско клупско првенство за жени во 2026 година

Читај повеќе

Informer: Ѓоковиќ тајно примен на Ургентен во Белград

Читај повеќе

Како пензионираниот Азар уште ја полни касата на бившиот клуб?

Читај повеќе

Голем удар за Аѕурите: Ѕаниоло го пропушта ЕУРО

Читај повеќе
  • play_arrow

Пензионерот Ибра уште држи лекции по фудбал

Читај повеќе