Ракитиќ: Роналдо ми рече да дојдам во Јувентус

Хрватскиот креативец откри дека Кристијано Роналдо го убедувал да му се придружи во торинскиот клуб, но откупната цена која ја барала Барса била непремостлива пречка.

Ова Иван Ракитиќ го откри говорејќи за загрепскиот дневен весник 24sata. Тоа не се случило летово, туку во 2019 година.

„Кристијано лично ми се јави и ми сугерираше да дојдам во Јуве. Ми рече дека клубот ме посакува, но сепак трансферот не се реализираше. Барселона бараше 50 милиони евра, што беше премногу“, вели тој.

Дека побарувањата на Барса биле навистина крајно нереални говори и фактот што една година подоцна Ракитиќ се пресели во Севиља за само 1,5 милиони евра.

„Роналдо е еден од најголемите на сите времиња. Навистина човек ужива кога го гледа, како и што прави сега во Јувентус“, додава Хрватот кому не му се исполни желбата да игра во ист клуб со Португалецот.

Родум од Швајцарија, Ракитиќ почна во Базел, а потоа преку Шалке и Севиља стигна до колосот Барса, од каде потоа повторно се врати во андалузиската престолнина.

На последново ЕУРО не настапи откако минатата есен одлучи да се повлече од репрезентацијата поради бројните повреди и клупските обврски.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе