Разумни трансфери: Баерн Минхен
YouTube каналот за Tifo Football презентира информативни, илустрирани фудбалски анализи. Во најновиот серијал „Разумни трансфери“ ги анализира најдобрите варијанти за трансфери кои ќе им годат на клубовите, финансиски и организациски.
Во низата анализи стигнавме до минхенски Баерн, актуелниот шампион на Европа. Момците на Ханси Флик ги победија ПСЖ во финалето од Лигата на шампиони, па каде има простор за подобрување на овој дрим-тим?