Разводот стана многу полесен процес во Британија, нема докажување вина

Најголемата реформа на законот за брак во последните 50 години стапи на сила во Велика Британија.

На несреќните сопружници во Англија и Велс им е полесно затоа што повеќе не треба да ја докажуваат вината на партнерот, понекогаш лажно, или да чекаат со години за да го раскинат лошиот брак. Сега нема да е неопходно еден од брачните другари да докажува дека партнерот згрешил, на пример, со прељуба или со обвинување за „неразумно однесување“, напуштање на брачната заедница и друга вина.

Бидејќи таквите основи до сега не постоеле, паровите морале да живеат одвоено најмалку две години за да добијат развод, или пет години ако еден од партнерите се противел на разводот. Измените на Законот за брак ги поистоветуваат Англија и Велс со Шкотска, која има свој правен систем, како и со други земји, вклучувајќи ги САД, Австралија и Германија.

„Никој не треба да остане во брак без љубов“

Експертите очекуваат дека ќе се зголеми бројот на разводи на паровите кои чекаат правна реформа, но во исто време предвидуваат дека ќе се зголеми и бројот на нови бракови бидејќи партнерите знаат дека полесно ќе ја растурат заедницата доколку не функционира.

Случајот на Тина Овенс ја забрза кампањата за промена на законот бидејќи таа ја загуби борбата во Врховниот суд во 2018 година бидејќи не успеа да ги убеди судиите дека нејзиниот 40-годишен брак треба да заврши. Нејзиниот сопруг ги оспорил нејзините наводи за неразумно однесување и судиите пресудиле дека несреќниот брак на Овенс не бил доволна основа за раскинување на бракот.

„Никој не треба да остане во брак без љубов или да води бескрајна и скапа судска битка за да го растури“, рече Овенс. „Оваа измена на законот ги штити луѓето од таков исход и јас ја поздравувам.“

Реформата што е на сила, сепак, не им носи на Англија и Велс „брз развод“ во американски стил, бидејќи од првото барање за развод треба да се чекаат 20 недели, а потоа уште шест недели за да се одобри разводот.

Повеќе партнери се повеќе склони да стапат во формален брак

Но, тоа секако е реформа на деценискиот систем во кој луѓето прибегнуваат кон различни средства, како што се ангажирање приватни детективи за да најдат докази за вината или партнерите едноставно се согласуваат да измислуваат докази за полесно да се разведат.

Жена која се претставила само како Вики признава дека таа и нејзиниот прв сопруг „го измислиле сценариото и ситуациите за кои сметале дека ќе поминат“ на суд и на тој начин добиле спогодбен развод. Потоа, Вики се омажи за „многу манипулативен“ и „насилен“ маж кој одбивал развод, па беше принудена да чека пет години за да се разведе.

„И можев порано да излезам од тој брак побрзо“ доколку законот го дозволуваше тоа, изјави Вики за BBC Radio. Некои адвокати ја поздравуваат реформата, но посочуваат дека брачното советување е од суштинско значење за решавање на финансиските прашања и старателството над децата.

Истражувањето нарачано од адвокатската канцеларија Slater and Gordon открива неочекувана последица од реформата - 32 отсто од невенчаните партнери сега имаат поголема веројатност да стапат во брак бидејќи знаат дека ако нешто тргне наопаку, полесно можат да излезат од тоа.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Свет

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Read more

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Read more

Зеленски: Русија нема сила повторно да го нападне Киев

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе