Најверодостојниот новинар за трансфер-пазарот, Фабрицио Романо, потврди дека Матео Ковачиќ има нов клуб.
Како што открива Романо, Ковачиќ одамна ја договорил платата со „Граѓаните“ и во тие преговори воопшто немало проблеми, а сега се постигнал и договор меѓу двата клуба.
Манчестер Сити за хрватскиот игралч од средниот ред ќе плати 30 милиони фунти, со тоа што 25 милиони ќе ги искешира веднаш, додека останатите 5 низ бонуси. Претворено во евра, целата сума е 35 милиони.
Сумата од 35 милиони евра е трета највисока отштета платена за хрватски фудбалер во историјата, а на првите две места е токму Матео Ковачиќ. Тој во Челси дојде во 2019 година од Реал Мадрид за 45 милиони евра, а претходно Реал за него му плати на Интер 38 милиони евра.
Трансферот на Лука Модриќ од Тотенхем во Реал во 2012 година изнесуваше исто така 35 милиони евра.
За „Сините“ одигра 221 натпревар, постигна 6 гола и 15 пати асистираше. Кариерата ја почна во загрепски Динамо.