Роналдо со нова порака најави останување во Манчестер и неиграње во ЛШ

Кристијано Роналдо со новата објава на социјалните мрежи како да најави дека ќе остане во Манчестер Јунајтед и покрај тоа што тимот не се избори за место во Лигата на шампионите, натпреварување кое Португалецот најмногу сака да го игра.

Сите, особено навивачите на „Црвените ѓаволи“ ги заинтригира најновата објава на Роналдо во која тој најавува враќање на славата на Манчестер Јунајтед.

„Повторно одлична поддршка од трибините. Ајде да ја искористиме оваа можност од нашиот последен натпревар сезонава на 'Олд Трафорд' за да им се заблагодариме на нашите неверојатни навивачи, кои издржаа тешка сезона со нас и никогаш не нѐ напуштија. Фала ви момци. Вашата поддршка ни значи многу, а нашата секојдневна цел е станеме што подобри, со што би го оствариле она што сите го сакаме: слава за Манчестер Јунајтед!“, напиша тој на Instagram доцна синоќа по победата над Брентфорд од 3:0 во која постигна еден гол откако реализираше пенал.

Роналдо минатото лето дојде во Манчестер од редовите на Јувентус, но тимот има разочарувачка сезона во Премиер лигата каде дефинитивно нема да заврши меѓу првите четири. Тоа значи дека доколку Роналдо остане, наредната сезона нема да игра во Лигата на шампионите, натпреварување за кое тој секогаш велел дека е негова инспирација и дека таму најмногу сака да игра и воедно да брка рекорди и да поставува нови. Токму затоа фудбалскиот свет е убеден дека поради ваквиот лош пласман на Јунајтед, Роналдо на лето ќе си замине.

Со последнава порака, дали меѓу редови Роналдо најави нешто нетипично за него - прв пат да не игра во Лигата на шампионите?

Единствена сезона кога Роналдо не играше во Лигата на шампионите беше 2002/03 кога со Спортинг играше во УЕФА купот. Тогаш имаше 18 години и оттогаш редовно, 19 сезони по ред игра во европската елита. Има одиграно вкупно 183 натпревари и постигнато 140 голови во Лигата на шампионите, со што ги држи двата рекорда за најмногу одиграни натпревари и најдобар стрелец во историјата на ова натпреварување.

Шпекулациите велат дека минхенски Баерн сака да го донесе Роналдо, трансфер со кој Португалецот би си обезбедил уште настапи и голови во европската елита. Инаку, неговиот договор со Јунајтед е до јуни 2023 година.

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе