Компанијата Samsung Electronics Co. Ltd. вчера ги претстави новите Galaxy S21, Galaxy S21 Plus и Galaxy S21 Ultra, најновите флегшип уреди со нов дизајн, одлична камера и напреден процесор.
Galaxy S21 носи современи иновации кои им овозможуваат многу современи иновации на корисниците.
Новиот Galaxy S21 има одличен дизајн и екран од 6,2 инчи. Galaxy S21 Plus доаѓа со екран од 6,7 инчи, со помоќна батерија одлична за гејмерите и љубителите на серии.
S21 и S21 Plus ќе бидат достапни во низа привлечни бои, вклучувајќи ја и новата виолетова боја. Секој уред е обложен со мат завршен слој кој на смартфоните им дава софистициран изглед.
Galaxy S21 пристигнува со Dynamic AMOLED 2X Infinity-O екран од 120 Hz, идеален за гледање на сите содржини. Екранот автоматски го прилагодува освежувањето врз основа на прикажаната содржина.
Новата S серија ја продолжува традицијата со врвни камери кои го прават фотографирањето да биде вистинско задоволство. Овозможено е снимање во 8К резолуција.
Galaxy S21 пристигнува со најновиот и најнапреден процесор досега, со поголема брзина, енергетска ефикасност и напредни компјутерски можности кои поддржуваат 5G мрежа и функции на вештачката интелигенција.
Galaxy S21 Ultra е опремен со професионални технологии на камерата, најинтелигентен дисплеј и одлични перформанси. Пристигна со S Pen. Достапен е во црна и сива боја, а целиот уред има луксузен мат завршен слој за пософистициран изглед.
Galaxy S21 Ultra доаѓа со Dynamic AMOLED 2X екран со 6,8 инчи. Брзината на освежување на екранот се менува од 10 до 120 Hz за да се обезбеди оптимална енергетска ефикасност и за да се заштеди батеријата.
Најдобрата камера од сите уреди на Samsung
Samsung Galaxy S21 Ultra доаѓа со четири задни камери - ултраширока, широка, двојна и телефото камера. Главната камера има 108 MP, а се истакнува и одличната Space Zoom функција.
Неговата почетна цена изнесува 1,999 долари, но во цената не се вклучени S Pen и заштитната маска.