Сателитот ERBS на НАСА безбедно падна на Земјата

Нефункционален сателит на НАСА безбедно падна на Земјата по 38 години минати во орбитата.

Станува збор за Earth Radiation Budget Satellite (ERBS), лансиран во 1984 година со помош на Challenger.

До 2005 година, податоците испратени од ERBS им помагаа на научниците да истражуваат како Земјата ја апсорбира енергијата од Сонцето, но и низа други процеси како мерење на озоннската концентрација, водена пареа, аеросоли во атмосферата и слично.

Американското Министерство за одбрана потврди дека сателитот влегол во атмосферата во неделата и паднал над Берингово Море, додека поголемиот дел изгорел во атмосферата. Нема извештаи за повредени или направени штети, пренесе AP.

Инаку, сателитот го надмина очекуваниот животен век од две години и беше функционален 21 година. Неговиот инструмент Stratospheric Aerosol and Gas Experiment II (SAGE II) собра податоци кои го потврдија осиромашувањето на озонската обвивка на глобално ниво.

Податоците собрани од овој сателит помогнаа да се создаде Договорот за протокол од Монтреал, меѓународен договор потпишан во 1997 година, што резултира со драстично намалување на употребата на хемикалии кои го осиромашуваат озонот (CFC).

Овие хемикалии некогаш се користеле за ладење на уреди, клима уреди и слично.

Денес, SAGE III на Меѓународната вселенска станица собира податоци за состојбата на озонската обвивка.

Тагови
реклама

Кога почнува староста?

Read more

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Вести

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Read more

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Read more

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Read more

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Read more
 

Гик

Виенски експерти развија сеопфатен пристап за лекување на мигрена и други форми на главоболка

Читај повеќе
  • filter

Објавен првиот месечев атлас со висока резолуција

Читај повеќе

Apple ќе лансира целосно нов модел на телефон - iPhone D23

Читај повеќе

Прикажан првиот 4K дисплеј од 1000 Hz во светот

Читај повеќе

Сондата Juno сними фасцинантни фотографии од Европа, месечината на Јупитер

Читај повеќе

Winamp се враќа во полн сјај

Читај повеќе
  • filter

Зошто пчелите произведуваат мед? 7 тајни од светот на пчелите

Читај повеќе

Дали Facebook може да ве извести кога некој ќе направи скриншот од ваша содржина?

Читај повеќе

Решена мистеријата стара 4.000 години за изградбата на пирамидите во Гиза

Читај повеќе