ЕХФ ЕУРО 2024 ГЕРМАНИЈА

Се разиграа кога беше најпотребно: Македонија ја победи Швајцарија

Македонија го заврши Европското првенство во Германија со победа од 29:27 над Швајцарија и го освои третото место во групата.

Поради повреда на првиот голман Никола Митревски, Мартин Томовски принудно се најде како прв избор за овој натпревар, додека на клупата влета третиот голман Марко Кизиќ.

Тоа се покажа среќа во несреќа за Македонија бидејќи Томовски го одбележа првото полувреме со своите бравурозни одбрани. Одбрани вкупни 7 од 16-те удари на Швајцарците, меѓу кои и пеналот на Андре Шмит.

URL

Не заостануваше ниту неговиот колега од спротивниот табор, Никола Портнер, кој имаше 6 одбрани во првиот дел, кој пак го одбележаа малкуте голови.

Откако на почеток се играше гол за гол, а на двапати водеше Македонија, Швајцарија поведе со 3:2 сѐ додека Македонија не направи пресврт за 6:5. Потоа разликата се зголемуваше, а со 6-0 Македонците поведоа со 5 разлика, 10:5. Период на наши грешки во нападот ѝ дозволија на Швајцарија со серија од 3-0 да намали на 10:8, за потоа Томовски да овозможи ново одлепување, се стигна повторно до +5, а на пауза се замина со 13:9 откако Македонија не го реализираше последниот напад.

Дури 7 различни ракометари реазлизираа за Македонија во првиот дел, во кој немаше ниту едно исклучување бидејќи се играше во рамките на дозволеното, па молдавските судии немаа многу работа.

Второто полувреме почна со осмата одбрана на Томовски и прв неуспешен напад на Швајцарија, а Македонија врати со четвртиот гол на пикерот Жарко Пешевски.

Првото исклучување го заработи Иван Џонов во 37. минута, откако претходно Филип Талески го постигнаа својот прв гол на натпреварот, и тоа со одлично одработен цепелин од Томислав Јагуриноски.

URL

Играчката предност Швајцарците веднаш ја искористија постигнувајќи три брзи гола, од кои два на празен гол, а последниот од голманот Портнер за 17:15.

Во вистински момент дојде исклучувањето на Лукас Лаубе, за Македонија да ја прекине швајцарската серија со голот на Петар Атанасијевиќ.

Се разбрани и Портнер кој со две одбрани во низа им овозможи на Швајцарците да намалат на само еден разлика, пред Милан Лазаревски да ја прекине серијата промашувања. Сепак во 51. минута дојде израмнувањето, 23:23, прво по оние 5:5 во првиот дел. Кизиќ го замени Томовски на голот и во вистински момент го одбрани пеналот на Мануел Цендер, кога Македонија беше со играч помалку, за да не дозволи Швајцарија да поведе.

Пресвртот што веќе некое време се наѕираше конечно се случи во 55. минута кога по грешка во нашиот напад Шмит отиде во контра и погоди еден на еден со Кизиќ за 24:25.

До крајот се играше гол за гол, со тоа што поведуваа Швајцарците. На крајот од 59. минута, при 27:27, Шмит загуби една топка во нападот, а Јагуриноски погоди од контра. Се чини клучна одбрана направи Томовски кога во  следниот напад фати жива топка при ударот на Цендлер за израмнување, па Македонија го имаше последниот напад. Разбирливо, селекторот Лазаров побара тајм-аут. Македонците не задржуваа време, Митев брзо погоди за конечни 29:27 бидејќи Швајцарците веднаш потоа промашија.

За играч на натпревароѕт беше прогласен ветеранот Андре Шмит од поразениот табор, кој со 12 гола од 16 удари беше најефикасен на натпреварот. Воедно, Шмит со овој натпревар ја заврши кариерата и ќе седне на селекторското столче на Швајцарија.

URL

Одличниот Томовски на крајот имаше 12 одбрани и 36,36% успешност. Најефикасни кај Мкаедонија беа Марко Митев и Ненад Костески со по 5 гола, а вкупно десетмина се запишаа во листата на стрелци.

Македонија со оваа победа не сњамо што ја смени сликата од ова ЕУРО, туку и го освои третото место во групата, што е важно за конечниот пласман и привилегирана позиција во жрепката за пласман на Светското првентсво 2025.

реклама

Арсовска му одговори на Мицкоски: Град Скопје нема надлежност да постапува по дивоградби

Read more

Русија почнува бесплатна вакцинација на населението против рак

Read more

Мачка: Како и да ја викате, не доаѓа

Read more

Хамилтон загрижен за новите правила во Формула 1

Read more

Ракомет

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Read more

Македонија ги дозна ривалите на ЕП

Read more

Познати се сите учесници на Европското првенство во ракомет 2026

Read more

Македонија одржа час по ракомет во Естонија

Read more
 

Спорт

Гром удри во авион со тенисери, Зверев со детали за драмата на небото

Читај повеќе

Конте: Неверојатно е тешко да се победува со Наполи

Читај повеќе
  • play_arrow

Се наѕира првиот финалист: Њујорк повторно шокиран на домашен терен

Читај повеќе

Лазаров: Не сакам играчите да бидат под притисок, нека уживаат во натпреварот

Читај повеќе

Проштална порака на Анчелоти: Магичните ноќи на Бернабеу веќе се дел од фудбалската историја

Читај повеќе

Во Јунајтед сите се на продажба, освен еден играч

Читај повеќе

МВР побара, ФФМ прифати: Баражот за прва лига преместен од Чаир

Читај повеќе

Евролигата наредната сезона со 20 екипи

Читај повеќе

Спортот никогаш повеќе нема да биде ист? Стартува Олимпијада за допингувани

Читај повеќе