ЗИМСКИ ТРАНСФЕРИ 2022

Шпански новинар тврди: Барса го сака Димитриевски

Македонскиот репрезентативец Столе Димитриевски во јануари би можел да стане нов голман на каталонскиот гигант, барем така тврди познат шпански новинар.

Хосе Алварес во емисијата „El Chiringuito de Jugones“ даде, како што вели, екскузивна вест која тој ја дознал. Тврди дека Барселона сака да се ослободи од резевниот голман Нету, а на негово место сака да го донесе нашиот Столе Димитриевски и тоа сега веднаш, во јануарскиот преоден рок.

Димитриевски игра одлична сезона за Рајо Ваљекано, кој пак е изненадување на сезоната бидејќи иако лани беше второлигаш, сега се бори за место во Лигата на шампионите и со 30 бодови е на 4. место.

URL

Кон крајот на октомври Рајо ја победи Барса со 1:0, нашиот Столе одигра цел натпревар и освен што не прими гол од гигантот, туку и му одбрани пенал на Мемфис Депај.

Сезонава Столе ги одигра сите 18 натпревари на кои прими 18 голови, а на 6 ја зачува мрежата незатресена. Згора на тоа, тој во Ла Лига води според бројот на одбрани, па не е чудо што Барса го сака токму него.

Број еден меѓу стативите кај Каталонците е Марк-Андре тер Штеген, а Столе треба да биде негова замена. Во клубот не се задоволни од неговата форма, па затоа им треба на клупата добра замена.

Иако ваков трансфер звучи надреално, сепак да оставиме времето да покаже дали Столе Димитриевски може да стане првиот Македонец кој заиграл за Барселона. Претходно, блиску до такво нешто беше Давид Бабунски, кој изникна од Ла Масија и играше за вториот тим, но не успеа да се пробие во првиот иако често тренираше со Меси и дружината.

Родум од Куманово, Димитриевски голманскиот занает го изучи во Работнички од каде како 19-годишен потпиша за Удинезе кој веднаш го прати на позјамица во Кадис. Следуваше позјамица и во Гранада која потоа и го откупи. Каталонското поднебје не му е непознато бидејќи бранеше и за Жимнастик пред да премине во Рајо. За репрезентацијата на Македонија, каде со години е прв избор, има 52 настапа.

Фото: ФФМ

Доколку се оствари трансферот на Столе во Барса, ќе мора да се помири со фактот дека ќе биде резерва на Тер Штеген, но тоа не значи и дека нема да добива шанса. Кој знае, можеби ќе се избори за единицата...

реклама

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Болка во ребрата: Причини, симптоми и кога мора да побарате лекарска помош

Read more

Фудбал

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Read more

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Read more
 

Спорт

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Читај повеќе

Во Барса се бесни: Сепак клоца за Чави

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Фјури не го ни погледна Украинецот Усик пред борбата на векот?

Читај повеќе

ФИФА најави ВАР револуција - ќе биде како во тенисот

Читај повеќе