Што ако Реал не му понуди нов договор на Модриќ?

Договорот на Лука Модриќ со Реал Мадрид истекува за три месеци, но клубот во чии легенди се има вброено Хрватот сè ште не му понудил нов.

Во текот на јануари и почетокот на февруари, кога Модриќ беше исцрпен по СП и играше малку полошо, шпанските медиуми често пишуваа дека Реал сериозно се сомнева дали ќе го направи тоа што го правеше во последните години - да му понуди продолжување на договорот за една година.

Модриќ на почетокот на годината играше далеку помалку и многу полошо од вообичаено, но Реал не се огласува ниту сега кога Хрватот брилира.

Друга причина што Шпанците ја наведоа за односот на Реал е тоа што Модриќ во септември, односно на почетокот на следната сезона, ќе наполни 38 години.

Анчелоти и сега го дозира бидејќи на таа возраст лесно се заморува, па оваа сезона одигра само 60 отсто од натпреварите, а за половина година или година сигурно нема да биде во подобра состојба. Но, Модриќ во последните недели се редеше со одлични партии, од кои антологиска е онаа против Ливерпул.

Сепак, Реал сè уште ниту формално, ниту неформално покажува желба да го продолжи договорот на Модриќ, кој во клубот е 11 години, во кои освои сè и одигра 469 натпревари. Новинарот на The Athletic, Марио Кортегана, кој е инсајдер на Реал, за ова пишува:

„Модриќ секогаш е еден од последните кои го напуштаат кампот на Реал во Валдебебас и постојано останува да работи дополнително во теретана.

Сепак, Реал сè уште не ни контактирал со него за нов договор, а уште помалку излегол со понуда.

Клубот смета дека нема смисла да му се нуди среде борба за сите трофеи. Доколку Модриќ не ја добие понудата на Реал, Саудиска Арабија е најверојатната опција тој да ја продолжи кариерата“.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Франција изгуби контрола над делови од Нова Каледонија: Истрели и експлозии одекнуваат низ островот

Read more

Фудбал

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Read more

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Read more

Алегри го напушти Јувентус?

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе

Алегри го напушти Јувентус?

Читај повеќе

Светскиот шампион обвинет за силување ќе оди на психијатриска евалуација

Читај повеќе

Ливерпул објави дека се разделува со двајца фудбалери

Читај повеќе

Французите изненадија со списокот за ЕУРО 2024: Каде се асовите?

Читај повеќе