Што ќе ви се случи во телото ако секој ден јадете јаткасти плодови?

Јаткастите плодови се една од најпотценетите категории на храна.

Мали, но моќни, тие се полни со здрави масти, протеини и влакна. Тие се одличен додаток на салати, супи, јогурт, а може да се јадат самостојно како ужина. Постојат многу причини да се препуштите на уживањето во јаткастите плодови, а ова се само неколку.

Подобро расположение

Во последниве години, истражувачите успеаја да ги поврзат исхраната и расположението. Докажано е дека модифицираната медитеранска исхрана може да ги ублажи симптомите на депресија. Една порција јаткасти плодови дневно била вклучена во интервентната група, која на крајот покажала значително поблаги симптоми на депресија.

Друга студија ја испитуваше улогата на исхраната кај депресијата кај младите возрасни. За оваа студија, на учесниците им беше кажано да консумираат две до три лажици јаткасти плодови и семки дневно. Слично на претходната студија, и оваа покажала подобрување.

Постојат многу причини зошто јаткастите плодови можат да го подобрат вашето расположение. Два од нив го вклучуваат аминокиселинскиот профил на јаткастите плодови кои се корисни за мозокот, како и омега-3 масните киселини кои се невропротективни.

Оброци што заситуваат

Ако планирате да јадете јогурт или супа од зеленчук, веќе знаете дека брзо ќе почувствувате глад. Додадете една шака јаткасти плодови во ваквите јадења и не само што ќе го подобрат вкусот, но и ќе ве заситат повеќе.

Намалени воспаленија

Консумирањето јаткасти плодови е поврзано со пониски маркери на воспаление. Јаткастите плодови, особено бадемите, се богати со витамин Е. Една порција бадеми обезбедува околу 47 проценти од препорачаната дневна доза. Витаминот Е делува како антиоксиданс и ги штити клетките од оксидативен стрес кој пак помага да се намали воспалението.

Добро делуваат на срцето

Здравата исхрана за срцето вклучува повеќе храна богата со мононезаситени и полинезаситени масти. Јаткастите плодови се богати со двете и се особено добар извор на полинезаситени масти познати како омега-3 масни киселини.

Еден начин да се намалат високите нивоа на триглицериди кои се фактор на ризик за срцеви настани е да се зголеми внесот на омега-3 масти. Покрај тоа, конзумирањето на овие видови поздрави масти е поврзано со повисоки нивоа на HDL холестерол и пониски нивоа на LDL холестерол.

Регулација на нивото на шеќер во крвта

Шеќерот во крвта е под влијание на количината на протеини, масти, влакна и јаглехидрати присутни во храната. Изедете само едно сочно јаболко за ужина и веројатно повторно ќе бидете гладни за 30 минути, а можеби дури и ќе почувствувате желба за шеќер или пад на енергијата.

Самото јаболко е главно јаглехидрат кој ќе го зголеми, а потоа брзо ќе го намали шеќерот во крвта. Но, ако го комбинирате со грст јаткасти плодови или путер од јаткасти плодови, ќе имате помал скок на шеќерот во крвта, како и пад.

реклама

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Здравје

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Дали редовно го јадете зеленчукот што смирува воспаленија и го намалува холестеролот?

Read more

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Read more

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more
 

Магазин

Зошто се менува бојата на очите на бебињата и кога се случува тоа?

Читај повеќе

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Читај повеќе

5 работи кои се забранети после 5 попладне ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Доматите имаат еден многу опасен несакан ефект: Некои луѓе не треба да ги јадат

Читај повеќе

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Читај повеќе

15 особини кои ги имаат најретките и најпосебнитe луѓе

Читај повеќе

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Читај повеќе

Како да испечете вкусен и крцкав леб во тенџере?

Читај повеќе

Дали градината треба да се полева наутро или навечер?

Читај повеќе