Жените никако не треба да уринираат пред секс, бидејќи ако уринираат пред тоа го зголемуваат ризикот од болни уринарни инфекции.
Урологот Дејвид Кауфман наведува дека идејата дека жените треба да уринираат пред секс, но и после тоа е толку вообичаена што се претворила во глобален мит во кој сите веруваат.
Сепак, докторот истакнува дека еден дел од митот е точен - оној според кој жените мора да одат да уринираат после секс, бидејќи на овој начин бактериите со кои дошле во контакт, кои се честа причина за уринарна инфекција, ќе се измијат.
Од друга страна, мокрењето пред секс е најголемата причина за инфекции поврзани со секс, вклучувајќи и уринарна инфекција.
А прекумерниот секс може да биде опасен по здравјето на жените, тврдат лекарите. Долготрајниот секс, како и односи повеќепати во денот, може да предизвикаат уринарна инфекција.
Инфекцијата е почеста кај жените кои никогаш не родиле, а некои жени може да ја добијат после секој сексуален однос. Ризикот може да се намали со мокрење после секс, истакна Беверли Випл, професорка на Универзитетот во Њу Џерси.