Што треба да се случи за да биде сменет Пирло?

La Gazzetta dello Sport пишува дека Андреа Пирло има два натпревари пред него кои ќе решат дали ќе ја задржи работата во Јувентус.

Во сабота Јувентус игра против Торино, а во среда го пречекува Наполи.

La Gazzetta dello Sport пишува дека Пирло ќе добие отказ во случај на „негативен резултат“. За Јувентус негативен резултат е и реми, бидејќи во моментов заостануваат десет бода зад лидерот на табелата Интер.

Во случај Пирло да добие отказ, Игор Тудор би го наследил, дознава Calciomercato. Тоа би значело дека Хрватот ќе го води Јуве до крајот на сезоната.

Ако информациите на италијанските спортски медиуми се точни, Тудор ќе го наследи Пирло на клупата на „Старата дама“ по првата „сопка“ на Италијанецот. Поточно, ова веќе може да се случи до крајот на неделава ако Јувентус не слави на градското дерби кај Торино.

Неславен старт на тренерската кариера на Пирло

За потсетување, Пирло ја започна тренерската кариера во Јувентус. Првично требаше да го предводи тимот до 23 години, но потоа управата го назначи за тренер на првиот тим во август, по отказот за Маурицио Сари.

Јуве испадна во осминафиналето од Лигата на шампиони од Порто, а сезоната може да се спаси до одреден степен со освојувањето на домашниот куп, во кој игра против Аталанта. Јуве го освои Суперкупот во јануари против Наполи.

Јувентус во сабота од 18 часот игра против Торино.

реклама

Пороен дожд, град и силен ветер во Качаничката Клисура и Скопска Црна Гора

Read more

Кога почнува староста?

Read more

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Read more

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Фудбал

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Read more

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Read more

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Read more

Тони Крос објави крај на кариерата

Read more
 

Спорт

Ѓоковиќ контра Јокиќ: Да ја претставуваш својата земја на Олимпијада е чест и привилегија

Читај повеќе
  • filter

Ѓорѓиевски: Вардар мора да постои – обезбедена поддршка за баражот

Читај повеќе

Кој е новиот тренер на Ливерпул и зошто го избраа?

Читај повеќе

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе