Сити го претстави Холанд, има само уште една мистерија за трансферот

Ерлинг Холанд официјално е новиот играч на Манчестер Сити.

Фантастичниот 21-годишен Норвежанец потпиша договор до 2027 година, а Сити на Борусија ѝ плати 60 милиони евра обештетување. Откако пред неколку недели беше објавено дека Холанд доаѓа во Манчестер, клубот денеска и официјално го претстави.

Сити го најави доаѓањето со одлично видео од Холанд како седи на кауч во дресот на Сити, а камерманот пред него држи фотографија од младиот Холанд во идентична поза во стар дрес на Сити од времето кога неговиот татко Алфи играше за клубот пред 22 години.

 

 

„Пеп еден од најдобрите на сите времиња“

„Ова е одличен ден за мене и моето семејство. Отсекогаш сум го следел Сити. Не може да не го сакаш нивниот стил на игра, создаваат многу шанси и тоа е идеално за играч како мене. Тимот е полн со врвни играчите и Пеп е еден од најголемите тренери на сите времиња и верувам дека сум на вистинското место за да ги остварам моите соништа“, рече Холанд и додаде:

„Сакам да постигнувам голови, да освојувам трофеи и да напредувам како играч. Уверен сум дека сето ова ќе го постигнам овде. Мислам дека го направив вистинскиот потег и едвај ги чекам подготовките и почетокот на следната сезона со Сити.“

URL

Холанд ќе заработува околу 20 милиони евра по сезона во Сити и само Кевин Де Брујне ќе има поголем договор од него. Она што сè уште не е познато е кој број на дресот ќе го носи Норвежанецот. Во Борусија го носеше бројот 9 кој моментално го има Габриел Жесус во Сити, иако си заминува од клубот.

Кој број ќе го носи?

Бројот 11 го носи левиот бек Олександр Зинченко, додека Џек Грилиш, кој пристигна минатото лето за 100 милиони евра, ја доби десетката. Не се знае кој број ќе го земе Холанд, но самиот играч неодамна на Instagram навести дека тоа би можело да биде бројот 15.

URL

Имено, тој број во Сити го носел татко му, а Холанд на социјалните мрежи објави фотографија на која е дете во дресот на Сити со бројот 15 и натпис „Тато“. Заедно со таа објава, Холанд напиша „Продолжуваме...“, што медиумите го протолкуваа како потврда дека Холанд ќе го носи бројот 15.

реклама

Руски астролог: Два хороскопски знака ќе паднат на дното по 25 јуни

Read more

Кардиолог споделува навика која го спречува создавањето на згрутчувања во крвта

Read more

Издаден налог за апсење за Шојгу и Герасимов за воени злосторства

Read more

Експертите ги избраа најдобрите половни автомобили

Read more

Фудбал

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Read more

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Read more

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Read more

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Read more
 

Спорт

Конечен расплет во групата Е: Секој може да испадне и секој може да оди во нокаут фазата

Читај повеќе

Пикси по елиминацијата: Не загубивме 5:0, па да ни се смеат

Читај повеќе

Данците завршија пред Словенците поради гол што го постигнаа пред седум месеци

Читај повеќе

Групата Ц го изедначи негативниот рекорд на ЕУРО

Читај повеќе

Кој е човекот кој денеска го мрази цела Хрватска: Ова не му е прв скандал

Читај повеќе

Голем кикс на Бразил на стартот на Копа Америка

Читај повеќе

Скока бројот на срцеви удари за време на натпревари

Читај повеќе

Дали 16-годишниот Јамал ќе смее да игра по 21 часот?

Читај повеќе

Џорџ и Томпсон си одат од ЛА Клиперс и Голден стејт

Читај повеќе